Престана производството на пивото „Корона“


  „Корона“ пивото престана со производство. Мексиканскиот производител на одредено време го запира производството поради пандемијата од корона вирусот. Познатиот бренд стана главен предмет на шегување во текот на целата глобална криза заради истото име кое го носи новиот вирус. Од фабриката велат дека тоа нема врска со името, туку дека во овој момент бизнисот […]

Мицкоски: Тестови за корона вирусот има за еден ден!


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ тврдеше дека Министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за опасниот коронавирус. „Јас имам информација дека немаат повеќе од 100 теста за коронавирусот на располагање. Ако навистина имаат 350 теста на располагање ,тоа е катастрофално“, образложи Мицкоски. Мицкоски потсети дека претходно […]

Академијата за Оскари ќе донира 6 милиони долари за помош на филмската индустрија


САД– Академијата за филмска уметност и наука ќе донира 6 милиони долари за да им помогне на вработените во филмската индустрија, кои се во голема финансиска криза заради избувнување на Ковид-19. Академијата ќе донира средства за институции фокусирани на поддршка на различни филмски дејци, зад и пред камерата. The Actors Fund и  Мotion Picture & […]

Мицкоски не би го задржал Венко Филипче за министер


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Канал 5 посочи дека се обидува преку своите контакти надвор од нашата држава  да донесе што е можно повеќе. Мицкоски  додаде дека во вторникот имал телефонски разговор со  Јанша, премиерот на Словенија и претседател на сестринска партијаза да помогне на Македонија, да обезбеди помош. „И тоа 100.000 маски, 100.000 […]

Четири милиони евра од ЕУ за купување респиратори, маски и тестови


Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, денеска го потпиша договорот за помош од четири милиони евра за итна набавка на медицинска опрема. „Со тие пари Европската унија ќе помогне да се купат респиратори, маски, тестови и друга медицинска опрема кои ќе им помогнат на граѓаните во овие тешки времиња“, напиша Жбогар на Твитер.

Пандемијата во Италија однесе уште 766 животи, вкупно починати 14.681


  Во Италија во последните 24 часа 766 луѓе умреа од корона вирусот и во таа земја забележани се убедливо најмногу жртви. Според податоците од страницата worldometers, бројот на умрени од корона вирус во Италија е 14.681. Бројот на заразени од вчера е зголемен за 4.585, па сега вкупно заразени се 119.827 луѓе во Италија. […]

Пациентите сместени во карантинот на Белградскиот саем утре најавија штрајк со глад


Пациентите кои се позитивни на коронавирус и кои се наоѓаат во карантин на Белградскиот саем, најавуваат штрајк со глад доколку не им се даде можност за повторување на тестирањето, соопшти белградската ТВ Н1. Како што јави дописникот на МИА од Белград, оваа телевизија објави дека планот на пациентите е да започнат со штрајк утре, затоа […]

Блокирана руската резолуција во ОН за заедничка борба против корона вирусот


  САД, ЕУ, Велика Британија, Украина и Грузија не дозволија Генералното собрани на ОН да ја усвои нацрт-резолуцијата, соопшти руската мисија во светската организација. Во тој документ се истакнува главната улога на Светската здравствена организација во борбата против пандемијата. Во текстот на документот предвидено е државите да соработуваат меѓу себе и со СЗО во рамки […]

Ова време пишува нова драма и нови херои: Александар Поповски за српска „Политика“


„За мене животот и театарот отсекогаш биле една иста работа. Една голема сцена полна со живот“, вели во интервјуто за белградскиот весник „Политика“, објавено на 1 април, македонскиот режисер Александар Поповски кој долги години работи на српската театарска сцена. Тој за овој весник зборува за она што се случува со театарот, за изолацијата, за она […]

Комерцијална банка со понуда за кредитните картички за правни лица, можност за грејс период од шест месеци


Комерцијална банка ги информира корисниците на кредитни картички за правни лица дека е објавена Јавна понуда за промена на договорните услови со цел да го олесни финансискиот товар со кој клиентите се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на кризата предизвикана од Ковид – 19 (корона вирусот). Согласно понудата, Комерцијална банка одобрува […]

Филипче: Можно е со крвна плазма од излечените да се лечат заболените


Некои студии покажаа дека плазмата од пациенти кои се излекувани од корона вирус може да се користи во лекувањето на заболените. Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, рече дека кај нас веќе се изготвува протокол на Институтот за трансфузиологија, што треба да биде готов во понеделник. Не е исклучено и за нашите пациенти […]

Се намалуваат ратите за кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите


Ратите на кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите се намалуваат за најмалку 70 отсто во следните три месеци за граѓаните, во насока на помош за надминување на ударите од Covid-19, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил. Додава дека  за овие срдства нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци […]

Русија ги запира сите летови за враќање Руси од странство


Русија од вечерва ги прекинува сите летови за враќање на Руси и странци во Русија, објавија некои медиуми повикувајќи се на извор од една од најголемите авиокомпании. Според него, Федералната агенција за авијација (Росавијација) веќе испратила соодветната телеграма. Руското Министерство за надворешни работи завчера соопшти дека 25.000 лица во странство побарале помош за да се […]

Лекари од Скопје и од Штип ќе помагаат во кумановската болница


На клиниката за инфективни болести има сместено 68 пациенти од кои десет се со потешка симптоматологија, додека другите се во добра општа состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче. Има потврдени 11 заболени од корона вирусот во кумановската болница, и тоа сите се здравствени работници, а на инфективната клиника двајца. Од денеска има упатени двајца […]

Македонија 2025: Да се поддржат и платите за март, мерки и за средните и големите фирми


Македонија 2025, невладината организација  во која членуваат бизнисмени од дијаспората и менаџери од државава, во осврт на новит сет мерки од Владата денеска го повтори ставот дека поддршката на плати треба да се применува од март, а не од април, а предлага и да се креираат мерки за средните и големите фирми, особено на тие […]

Со пристапот „трговија без контакт“ непречен извоз во и од Турција


„Трговија без контакт“ е пристапот што почна да го применува Турција за непречено одвивање на трговската размена без да дојде до контакт меѓу луѓето и да се создаде каква било можност од евентуална зараза со корона вирус. На компаниите им е дадена можност за замена на приколка, полуприколка или контејнер, а оние што нема да […]

Брзите тестови за корона вирусот не се препорачуваат од СЗО


СЗО е исклучиво фокусирана на тестови за вирусологија и молекуларна дијагностика, бидејќи тоа е препорачан метод за идентификација на случаи со зараза. Серолошки тестови, како оние што се користат за испитување на имунолошкиот одговор на лицето кое се тестира, но не и на честичките на самиот вирус – како оние тестови кои се прават во […]

МНТ слави 75 години од првата премиера: Сцената е прв пат празна


Македонскиот народен театар по повод роденденот им честита и им се заблагодарува на сите уметници – доајени, некогашни и сегашни вработени и љубители на театарот кои придонеле во неговиот развој во изминатите 75 години зашто сите заедно, како што наведува во честитката, направиле театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже […]

(Во живо) Прес на Филипче


Редовната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе се одржи во 17 часот. Проследете ја во живо:  

Директорот на Вимблдон: Се надевам дека Федерер и Серена ќе играат во 2021 година


Англија– Директорот на едно од најпрестижните натпреварувања во светскиот тенис – „Вимблдон“ – Ричард Луис изрази надеж дека турнирот во 2021 година ќе биде посилен од кога било. Тој ги сподели своите очекувања за следното издание на турнирот и посака сите фаворити да бидат здрави и да учествуваат на Гренд слем. – Многу би сакал […]