Блокирана руската резолуција во ОН за заедничка борба против корона вирусот


 

САД, ЕУ, Велика Британија, Украина и Грузија не дозволија Генералното собрани на ОН да ја усвои нацрт-резолуцијата, соопшти руската мисија во светската организација.

Во тој документ се истакнува главната улога на Светската здравствена организација во борбата против пандемијата.

Во текстот на документот предвидено е државите да соработуваат меѓу себе и со СЗО во рамки на напорите да се смислат начини за борба против ширењето на Ковид 19 и чекување на болеста.

Во руската резолуција се повикува на укинување на едностраните санкции кои им оневозможуваат на земјите да борат против пандемијата од корона вирусот, пренесе „Спутник“.

Русија претходно му предложи на Генералното собрание да усвои декларација за солидарност во борба против корона вирусот.

Исто така, се повикуваат државите да помогнат на другите држави кои претрпеа најголема штета од корона вирусот, вклучително земјите во развој, како и да се откажат од трговските војни и од примената на еднострани санкции усвоени во ОН.

Покрај Русија на документот работе уште 28 земји-членки на светската организација.

„Немаше консензус за документот кој го предложивме. На тоа се противеа Украина, Грузија, Велика Британија, САД и ЕУ. Жалиме што една помала група држави – апологети на политиката на санкции – не успаја да покажат подготвеност да се приклучат на повикот на генералниот секретар на ОН и да се откажат од своите исполитизирани пристапи и интереси“, се наведува во коментарот на руската мисија.
Како последица од тоа, се деодава одговорот на глобалниот ис олидарниот свет на новата пандемија ќе биде многу посложен.
Сметаат дека може да настрадаат многу луѓе, особено од ремјите во развој.