Лекари од Скопје и од Штип ќе помагаат во кумановската болница


Фото: Б.Грданоски - Филипче крај мобилната болница

На клиниката за инфективни болести има сместено 68 пациенти од кои десет се со потешка симптоматологија, додека другите се во добра општа состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Има потврдени 11 заболени од корона вирусот во кумановската болница, и тоа сите се здравствени работници, а на инфективната клиника двајца.

Од денеска има упатени двајца доктори од Скопје и од Штип, кои ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово.

Поради големиот број заболени во последните 24 часа во Куманово, Владата донесе одлука полицискиот час во овој град да трае од вечерва во 21 часот, до понеделник до 5 часот. Во деновите од неделата полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до 5 наутро.

На инфективната клиника има еден медицински техничар кој е заболен од корона вирусот, а направена е анализа и на членовите од неговото семејство. Се разговара и со сопругата дали имало други приватни контакти.