Мицкоски: Тестови за корона вирусот има за еден ден!


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ тврдеше дека Министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за опасниот коронавирус.

„Јас имам информација дека немаат повеќе од 100 теста за коронавирусот на располагање. Ако навистина имаат 350 теста на располагање ,тоа е катастрофално“, образложи Мицкоски.

Мицкоски потсети дека претходно се тестираа околу 400 лица на ден за коронавирусот, а сега резервите на тестови се доведени на минимум и со таа динамика Македонија има тестови само за уште еден ден.