Полициски час во Куманово од денес во 21 часот до понеделник во 5 часот


Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. […]

Велика Британија со рекордни 684 нови смртни случаи од Ковид-19


До денеска претпладне во Велика Британија се тестирани вкупно 173.784 лица од кои 38.168 се позитивни на Ковид-19, соопшти британското Министерство за здравство. Бројот на смртни случаи предизвикани од корона вирусот во изминатите 24 часа се зголеми за 684 или 23,4 проценти и достигна 3.605, објавија британските здравствени власти. Дневниот раст на нови смртни случаи […]

Француските ученици нема да полагаат матура, првпат во последните 200 години


Француските ученици годинава нема да полагаат матурски испит поради пандемијата на коронавирус, што е првпат од воведувањето на таква проверка на знаењето. Францускиот министерот за образование, Жан-Мишел Бланкер, најави дека се откажува Бакалореа, односно завршниот матурски испит.. Учениците од последна година во средно училиште ќе можат да добијат диплома заснована на оценки од пред и […]

Се раѓаат деца чии имиња се Корона, Ковид, Вирус


Пандемијата на корона вирус е главна тема низ целиот свет, со оглед на тоа дека речиси нема држава каде болеста не се шири и го нарушува животот на сите жители. Затоа не изненадува што најчести зборови се корона вирус, вирус, Ковид и епидемија. Не мина долго откако се појави болеста и споменатите поими веќе се […]

Бесполезни се планирања и очекувања од туристичка сезона во Охрид во услови на вонредна ситуација


Новонастанатата ситуација со светската епидемија на коронавирусот секако ќе ги засегне сите сфери на општественото живеење. Во услови кога светот се обидува да се справи со болеста, секако погодена е и економијата. Но, затворањето на границите и ограничувањето на движењето на луѓето без двојби најмногу ќе го погоди туризмот како стопанска гранка. Туристичката дејност која […]

Во Србија осум починаа, 305 новозаболени


Во Србија во изминативе 24 часа регистриран е најголем број на починати-8 лица со што вкупниот број на починати се искачи на 39 лица. Од осумте починатите, 6 се мажи и две жени со просечна старост од 70 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,64%, изјави на денешната владина прес конференција членот […]

Словенија донира 110 илјади евра вредна заштитна опрема за МВР


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра. -Имајќи го предвид моментот во која помошта доаѓа таа е од исклучително значење […]

ЕУ привремено ги укинува даноците на увоз на медицинска опрема


ЕУ привремено ги укина даноците за увоз на одредена медицинска опрема од земји кои не се членки на ЕУ, со цел што подобро и полесно снабдување на европските болници во борбата против Ковид-19. Одлуката ќе се однесува на заштитна опрема, како и на респиратори и тестови, и ќе биде во сила најмалку четири месеци. Претседателката […]

Евросонг: Гарванлиев може да пее идната година, ама со друга песна


Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Годинешната евровизиска „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, нема да биде отпеана во мај на евровизиската сцена во Ротердам, Холандија, зашто ЕБУ го откажа 65. издание […]

Пентагон купува 100.000 ќеси за телата на починатите


Пентагон купува 100.000 пластични кеси за да ги смести телата на Американците кои ја загубија битката со коронавирусот. Овие кеси, познати како мртвачки, војската ги користи за посмртните останки од војници настрадани во борба, јави Њујорк дејли њуз. Тие ќе пристигнат преку Федералната агенција за управување со кризни ситуации, која веќе му обезбеди на Њујорк […]

Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника


Во изминатите 24 часа два пациента починале на Клиниката за инфективни болести Регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 430 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од […]

Јанша испратил медицинска помош по барање на Мицкоски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека пристигнал авион со медицинска помош од Словенија по неговиот разговор со премиерот Јанез Јанша. „Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанез Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред сѐ се осврнавме на заедничките […]

Инспекциски надзор во „Систина“ за тестовите


Министерството за здравство, преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера влегле и извршиле инспекциски надзор и контрола во Аџибадем Систина, со цел да утврдат дали тестирањата кои ги врши оваа болница се согласно законските прописи и соодветни стандарди, односно дали се акредитирани и верификувани од Институтот за јавно здравје – тврдат извори на Република. Се […]

Стопанска комора: Продолжува застојот на транспортот во Турција


Сé уште не решен проблемот со задржувањето на македонските камиони на турската граница и застојот на транспортот во Турција, а се прават напори и за обезбедување суровини од регионот за потребите на домашните производствени компании, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија. „Ова се тешки времиња во кои не е лесно да се обезбеди достапноста на […]

АХВ за четири дена спроведе 277 контроли и изрече 22 мерки


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 28 март до 1 април спроведе 277 надзори во повеќе градови низ државата. Притоа изрече пет решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и им нареди веднаш да извшат дезинфекција, дератизација и дезинсекција. Како што соопшти на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, […]

Психолошка помош за трудници, но и на албански јазик


Отворени се уште 3 нови телефонски броеви наменети за психилошка поддршка на трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19. Ги охрабрувам сите граѓани кои чувствуваат потреба да ја побараат потребната помош. На телефонските броеви одговараат стручни лица од […]

Во болницата во Куманово заболени 11 здравствени работници


Во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот. Директорката на болницата Снежана Захариева за МИА изјави дека од вкупно заболените двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија. – Министерството е информирано за […]

Чувајте се од волшебници


ЕРОЛ РИЗАОВ (Колумна за Дојче веле)   Бидете на штрек во вакви тешки и мачни времиња на искушенија и страв. Од коронавирус побрзи се само разни шарлатани и лажни спасители кои во ера на интернет и брзи комуникации даваат бесплатни рецепти како да се спасите   Кога имате илјада гајлиња како да немате ни едно. […]

Менаџерите на Тутунски комбинат во Прилеп ќе се солидаризираат, ќе земаат минимална плата


Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) донесе одлука на целокупниот менаџмент во компанијата за месец април да му биде исплатена минимална плата во висина од 14.500 денари. Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од СОVІD -19, минимална плата ќе […]

 Нема одлука за колективен одмор 


Заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар изјави дека не е донесена одлука од понеделник сите вработени лица да користат колективен одмор, како еден од мерките за справување со коронавирусот и оти тие ќе се креираат согласно потребите. – Во моментот нема таква одлука. Кризниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира […]