Психолошка помош за трудници, но и на албански јазик


Отворени се уште 3 нови телефонски броеви наменети за психилошка поддршка на трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19. Ги охрабрувам сите граѓани кои чувствуваат потреба да ја побараат потребната помош. На телефонските броеви одговараат стручни лица од Клиниката за психијатрија, со чија соработка ја нудиме оваа поддршка, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.