Пентагон купува 100.000 ќеси за телата на починатите


Пентагон купува 100.000 пластични кеси за да ги смести телата на Американците кои ја загубија битката со коронавирусот.

Овие кеси, познати како мртвачки, војската ги користи за посмртните останки од војници настрадани во борба, јави Њујорк дејли њуз.

Тие ќе пристигнат преку Федералната агенција за управување со кризни ситуации, која веќе му обезбеди на Њујорк десетици камиони   ладилници за телата на жртвите, чија бројка се зголмува од ден на ден.

Заразени се околу 250.000 луѓе низ САД, со 6.047 мртви. Од оваа бројка само во Њујорк се 51.809  позитивни. Досега починале 1.562 луѓе во градот.

Состојбата е алармантна на сите полиња, болниците се пренатрупани, полинати  исто така, респираторниот дефицит ќе стане сериозен проблем за шест дена.

Медицинските работници недостасуваат, и покрај тоа секој ден  со авиони доаѓаат од сите страни на САД, нема доволно заштитна опрема.

Во град во кој се хоспитализирани над 10.000 луѓе, единствената празна болница, со исклучок на 20 примени пациенти, е онаа на воениот брод Конфор, кој е закотвен во Менхетен, кој има 1.000 кревети и 12 операциони простории, меѓу другите.

Тие велат дека сместувањето на пациентите, кои треба да бидат се оние кои не се позитивни на вирусот и им е потребна медицинска помош, Тоа дополнително ја отежнува ситуацијата, болниот со амбулантно возило да се однесе на бродот која е усидрен кај Статуата на слободата.