Велика Британија со рекордни 684 нови смртни случаи од Ковид-19


До денеска претпладне во Велика Британија се тестирани вкупно 173.784 лица од кои 38.168 се позитивни на Ковид-19, соопшти британското Министерство за здравство.

Бројот на смртни случаи предизвикани од корона вирусот во изминатите 24 часа се зголеми за 684 или 23,4 проценти и достигна 3.605, објавија британските здравствени власти. Дневниот раст на нови смртни случаи од Ковид-19 е на рекордно високо ниво веќе четврти ден по ред.

Бројот на потврдени случаи на корона вирус за едно деноноќие се зголеми за 4.450 заразени.