Русија ги запира сите летови за враќање Руси од странство


Русија од вечерва ги прекинува сите летови за враќање на Руси и странци во Русија, објавија некои медиуми повикувајќи се на извор од една од најголемите авиокомпании.

Според него, Федералната агенција за авијација (Росавијација) веќе испратила соодветната телеграма.

Руското Министерство за надворешни работи завчера соопшти дека 25.000 лица во странство побарале помош за да се вратат во својата земја.

Московскиот аеродром „Домодедово“ соопшти дека пораки прекинот на авионските врски со странство, веќе го затворил секторот за меѓународни летови.