Пандемијата во Италија однесе уште 766 животи, вкупно починати 14.681


 

Во Италија во последните 24 часа 766 луѓе умреа од корона вирусот и во таа земја забележани се убедливо најмногу жртви.

Според податоците од страницата worldometers, бројот на умрени од корона вирус во Италија е 14.681.

Бројот на заразени од вчера е зголемен за 4.585, па сега вкупно заразени се 119.827 луѓе во Италија.

Италија и Шпанија се главни жаришта на корона вирусот во Европа.

Пандемијата се пренесе и на САД каде се забележани дури 258.112 заболени.