Кир Стармер стана нов лидер на британските лабуристи


Лондон – Најголемата опозициска партија во Британија, Лабуристичката партија, го именуваше Кир Стармер, поранешен директор за јавни гонења, кој се спротивстави на излезот на земјата од Европската унија, како нејзин лидер во саботата. Тој победи со 56,2 отсто од гласовите од партиските членови и поддржувачите. Гласаа вкупно 490.731 лица. Неговиот најблизок ривал, Ребека Лонг-Бејли, доби […]

Помалку мртви во Шпанија, но заразата од корона не стивнува


Шпанија денеска забележа помала бројка на починати во однос на вчера – 809 (вчерашниот биланс беше 932), но бројот на инфицирани и натаму многу се зголемува. Сега има 11.744 починати. Вкупниот број на регистрирани инфекции во саботата изнесуваше 124.736, додека вчера тој беше 117.710. Излекувани се 34.219 лица.

Почина пејачот Бил Витерс, автор на „Lean On Me“, „Lovely Day“ и „Ain’t No Sunshine“ (видео)


Почина пејачот Бил Витерс, кој напиша и пееше повеќе духовни песни во 1970-тите кои и денес се слушаат, вклучувајќи ги „Lean On Me“, „Lovely Day“ и „Ain’t No Sunshine“. Според изјавата објавена од неговото семејство за „Асошиетед Прес“, 81-годишниот пејач починал во Лос Анџелес од срцеви компликации. „Lean On Me“, беше изведувана на претседателските инаугурации […]

Словенија објави дека помошта била испорачана на барање на македонската влада


Министерството за одбрана на Словенија објави дека помошта во медицинска опрема за борба против корона вирусот вредна 110.000 евра била испорачана на барање на македонската влада. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вчера тврдеше дека помошта се реализирала откако тој му се јавил на словенечкиот премиер Јанез Јаша и го побарал тоа. На официјалниот сајт на […]

Природна убавина: Хелен Мирен без шминка за добротворни цели


САД- Додека многу познати личности сакаат да се нашминкани за време на самоизолацијата, Оскаровката Хелен Мирен (74) сподели рано наутро селфи во обид да собере пари за жртвите од Ковид 19. Мирен сподели фотографија на Инстаграм од спалната соба, тазе разбудена. „За возврат за оваа слика од мене буквално првото нешто наутро, ве молам донирајте […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека дека се докажувал колку тестови има


Откако вчера Министерството за здравство остро ги демантираше тврдењата на Христијан Мицкоски дека државава имала само уште 100 тестови за корона вирусот, ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинува министерот за здравство Венко Филипче, за политикантство. Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на партијата, на Фејсбук напиша дека Филипче се однесувал како портпарол на владејачката партија. „Политикантството на […]

Мицкоски шири паника


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да се соочи со законот, бидејќи јавно изрече ужасна лага дека тестови за откривање на корона вирусот има само уште за еден ден и со тоа можеше да предизвика паника кај населението   Ерол Ризаов Изјавата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека само за уште еден ден […]

Достапна апликација за мобилен за следење на информациите со КОВИД-19


Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален фејсбук профил информира дека е достапна апликација „КОРОНАВИРУС МК“ за мобилните телефони, која може да се преземе од веб страницата на Владата за следење на најновите информации поврзани со ситуацијата со епидемијата од корона вирусот. -Сите информации за ситуацијата со КОВИД-19 на вашиот телефон! Преземете ја апликацијата […]

СЗО: Корона вирусот напаѓа се помлади луѓе


Многу повеќе помлади луѓе имаат потешка форма или умираат од новиот корона вирус, предупреди Светската здравствена организација. Експертите на СЗО се обидуваат да откријат зошто се повеќе здрави пациенти, кои претходно немале никакво хронично заболување, се наоѓаат во одделите за интензивна нега со тешки форми на заразата. – Се уште има многу непознати во моментот. […]

Регулаторите ја зајакнуваат координацијата за одржување на финансиската стабилност  


Склучен е меморандум за соработка, унапредена е улогата и проширен е составот на Комитетот за финансиска стабилност и формирани се два поткомитети   Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се […]

Зошто април е специјален месец за Кејт Мидлтон, принцот Луис и кралицата Елизабета?


Англија- Додека кралското семејство продолжува да биде во изолација заедно со британскиот народ среде пандемијата на коронавирус, доаѓаат неколку важни датуми што можат да ги одбележат дома. Април е еден од најголемите месеци за кралското семејство. Кралицата Елизабета ќе го прослави својот 94 роденден, принцот Луис ќе наполни 2 години, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам […]

Вкупно 59 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 28 лица


На територијата на целата држава во изминатата ноќ  евидентирано е дека 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Како што соопшти МВР, во текот на вчерашниот ден во целата држава на 144 лица им се издадени решенија […]

Турција затвора 30 големи градови поради корона вирусот


Се забранува влез и излез од 30 големи градови во Турција во траење од 15 дена, објави на Твитер во своето обраќање до нацијата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Најважна е изолацијата, но се забележуваат прекршувања. Затоа е наложено да се премине од доброволна во задолжителна изолација. Од вечерва во следните 15 дена се […]

Тотенхем и Њукасл ги зедоа службените телефони и лаптопи на вработените


Во Тотенхем и Њукасл, ги земале службените паметни телефони и лаптопи за сите свои вработени кои беа пуштени на неплатен одмор, пренесува Дејли Мејл. Ова е за да се осигураат дека тие немаат никаква работа, така што клубовите можат да се потпираат на финансиската поддршка од владата за време на периодот на стагнација заради пандемијата […]

Славниот дизајнер на чевли Серџо Роси почина од Ковид 19


Италија– Серџо Роси, основачот на истоимената модна куќа за производство на луксузни чевли, почина на 84-годишна возраст од последиците на коронавирусот, објави градоначалничката на Сан Мауро, Пасколи. Претприемачот бил хоспитализиран пред една недела во болница во северна Италија, а починал синоќа. Пред еден месец дизајнерот донирал 100 илјади евра за болница во Милано. Во текот […]

Трамп ќе го смени главниот разузнувач што водеше истрага за него


 Во писмо до американските законодавци, претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе го разреши од функцијата генералниот инспектор на разузнавачките служби Мајкл Аткинсон, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Трамп одлучи да го разреши Аткинсон поради недоверба во него, се наведува во писмото испратено до Адам Шиф, претседател на Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом и […]

Втор водител на Си-Ен-Ен позитивен на коронавирус


САД- Водителката на Си-ен-ен Брук Болдвин (40) е позитивна на коронавирусот. Познатата новинарка ја објави веста , три дена откако познатиот водител Крис Куомо, брат на гувернерот на Њујорк Ендру Куомо, откри дека му е дијагностициран коронавирус. Болдвин на Инстаграм изјави дека е „добро“, додавајќи: „Се случи одеднаш вчера попладне. Треска, болки, треска “. Водителката […]

(Фото галерија) Трамп нема да носи маска, словачката влада се прослави со нив


Додека американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус, претседателот Доналд Трамп соопшти дека тој лично нема да се појави со маска на лице. „Носењето маска е добороволно. Можете да ги користите, а и не морате. Јас одлучив да не носам маска, но […]

Пинк откри дека била позитивна на коронавирус ама се излечила


САД-  Поп-ѕвездата Пинк (40) откри дека била позитивна на коронавирусот но по две недели изолација со синот Џејмисон (3) се чувствува добро и новиот тест покажал дека е негативна на вирусот. Затоа упати апел до фановите да останат дома и да се заштитат . Пејачката во обид да ги поддржи здравствените работници кои секој ден […]