Почина пејачот Бил Витерс, автор на „Lean On Me“, „Lovely Day“ и „Ain’t No Sunshine“ (видео)

Почина пејачот Бил Витерс, кој напиша и пееше повеќе духовни песни во 1970-тите кои и денес се слушаат, вклучувајќи ги „Lean On Me“, „Lovely Day и „Ain’t No Sunshine.

Според изјавата објавена од неговото семејство за „Асошиетед Прес“, 81-годишниот пејач починал во Лос Анџелес од срцеви компликации.

„Lean On Me“, беше изведувана на претседателските инаугурации на Барак Обама и на Бил Клинтон. Во последно време, луѓето објавија видеа од нивните верзии на песната како инспирација за време на пандемијата на корона вирусот.