(Фото галерија) Трамп нема да носи маска, словачката влада се прослави со нив


Легенда: Соработниците го советуваат Трамп да го смени својот строг јазик (Фото: Ројтерс)

Додека американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус, претседателот Доналд Трамп соопшти дека тој лично нема да се појави со маска на лице.

„Носењето маска е добороволно. Можете да ги користите, а и не морате. Јас одлучив да не носам маска, но некои луѓе ќе ја користат и тоа е во ред“ рекол Трамп.

На новинарско прашање зошто така одлучил Трамп потсетил не неговите состаноци со високи функционери.

„Кога се поздравувам со претседатели на други држави, премиери, диктатори, кралеви, кралици…Едноставно не се гледам во тоа“, објаснил Трамп.

Американскиот претседател вчера потпиша одредба со која и нареди на својата администрација да го прекине извозот на маски за лице Н-95 и останати лични заштитни опреми во други земји.

Инаку, други светски лидери решија да дадат пример на граѓаните или да се заштитат, па колку и да не изгледа тоа лидерски, да користат маски на јавни места. Меѓу нив се Бенџамин Нетанјаху, Емануел Макрон, Владимир Путин, претседателката на Словачка со премиерот Игор Матович и целиот негов кабинет, како и лидерот на Кина Кси Џипинг. Ваквиот настап дури доби име „Дипломатија во маска“.