Втор водител на Си-Ен-Ен позитивен на коронавирус

САД- Водителката на Си-ен-ен Брук Болдвин (40) е позитивна на коронавирусот. Познатата новинарка ја објави веста , три дена откако познатиот водител Крис Куомо, брат на гувернерот на Њујорк Ендру Куомо, откри дека му е дијагностициран коронавирус.

Болдвин на Инстаграм изјави дека е „добро“, додавајќи: „Се случи одеднаш вчера попладне. Треска, болки, треска “.

Водителката на CNN Newsroom, која живее Њујорк, ги следи федералните и локалните упатства за мерките во самоизолација.

„Јас бев социјално дистанцирана. Ги следев сите мерки, ама сепак се заразив “, сподели таа.

„Искрено, се чувствувам како една од среќните“, додаде Болдвин.

Њујорк е најпогодена сојузна држава од коронавирусот што пред две недели започна да беснее во САД, со 500 луѓе кои починаа во последното деноноќие, додека на национално ниво во земјата досега починаа речиси 3.000 лица.