Жител на Горно Коњаре со нож избодел едно лице, а се заканувал и на полицајците


Основното јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од […]

Со помошта во Србија слетаа и руски воени доктори


На воениот аеродромот Батајница, во близина на Белград, утринава слета единаесетиот авион со медицинска опрема, техника и заштитна опрема, кои, според договорот на српскиот и рускиот претседател, Александар Вучиќ и Владимир Путин, Москва и ги испрати на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Помошта вчера беше доставена со шест авиони, а во текот […]

Ковидот создаде КовИДИОТИ


Епидемијата на коронавирусот во САД како последица на бројните жртви и проблеми во функционирањето на целокупниот систем, донесе и нов збор – КовИДИОТ, со кој се именува неприфатливото однесување на поединци, заземајќи важно место во медиумите. – На секој херој што ќе спаси еден живот, веројатно секаде околу нас постои и еден КовИДИОТ кој не […]

Во превентивна изолација 14 лица од Инфективното одделение во Штип


– Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била хоспитализирана со негативен тест на Ковид 19 и дијагноза бронхопневмонија. Но по влошувањето на состојбата и новиот земен брис пациентката […]

Нови 53 заболени од Ковид 19, пет починати


Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 […]

Британци палеле столбови, спречувале ширење на корона вирусот преку 5Г мрежата


Во неколку градови во Велика Британија се запалени повеќе столбови за мобилна телефонија, а нападнати се и инженери поради непотврдени теории за поврзаноста на коронавирусот и 5Г мрежата, соопштија британските оператори за мобилна телефонија. Откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од столбовите во пламен, операторите истакнаа дека ширењето на такви гласини е загрижувачко.Запалени се […]

Полска не се откажува од избори, ќе се гласа по пошта


Претседателските избори во Полска ќе се одржат во мај и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателот Анджеј Дуда за католичкиот весник „Наш дневник“. Националистичката партија Закон и правда не се откажува од изборите на 10 мај и покрај пандемијата на Ковид-19 и затоа предложи да се воведе гласање преку пошта наместо граѓаните да одат на […]

Филипче: Разликувајте митови од факти


Коронавирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, во моментот се собираат повеќе податоци, се работи на вакцина, а дотогаш ќе биде присутен. Ќе се јавуваат бранови на пациенти, но битно е растот на нови случаи да биде контролиран, за да може здравствениот систем соодветно да ги згрижи сите пациенти, објави на ФБ […]

Дури 1.322 лица не го почитувале полицискиот час, а 157 самоизолацијата


Мерката ограничување на движењето од нејзиното воведување во земјава не ja почитувале 1.322 лица, констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157  изјави за самоизолација, а полицијата поднесе кривична пријава и 25 известувања за говор на омраза поврзани со Ковид 19. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук […]

Лекар од инфективното одделение во Прилеп заразен со корона вирус


Иако се уште нема официјална информација дали има новозаболени во Прилеп денеска, еден од лекарите во Инфективното одделение во прилепската болница е позитивен на тестот за коронавирус, а другиот лекар се наоѓа во самоизолација, јавува Нова Македонија. Ова го соопштуваат од општина Прилеп, потенцирајќи дека од понеделник, 6-ти април, инфективното одделение ќе функционира согласно оперативниот […]

Во Холандија 16.627 заразени и 1.651 смртни случаи од Ковид-19


Бројот на потврдени смртни случаи од корона вирусот во Холандија се зголеми за 164 на 1.651, соопштија денеска здравствените власти. Националниот институт за здравство соопшти дека вкупниот број заразени лица во последните 24 часа е зголемен за шест проценти на 16.627. За реалниот број на смртни случаи и заразени се вели дека е поголем од […]

Напад со нож во Франција, убиени двајца седум ранети


Во напад со нож еден маж утрово во Романс сур Исер, на југоистокот на Франција, уби две лица и рани седум, по што е приведен, се дознава од извори блиски на истрагата. Според тој извор, едно лице од ранетите е во животна опасност. Напаѓачот ги избодел жртвите во продавница и на улица пред да биде […]

(Видео) Честитка од Спасовски, Шекеринска и Димитров за Денот на НАТО


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров упатија честитки по повод 4-ти Април, денот на НАТО. Премиерот Спасовски во својата порака истакна дека по децении сонување дојде денот кој и ние ќе го одбележиме како […]

Сите здравствени работници да носат опрема, инаку ќе се казнуваат


На седумнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан денеска, посебно внимание беше посветено на заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето во пандемијата. Едногласно преовлада заклучокот дека заштитата на […]

(Фото/Видео) Експлозија во зграда во Русија, еден мртов


Во зграда во градот Ореково-Зуево во московскиот регион дојде до експлозија во еден стан, изјави портпаролот на руското министерство за вонредни состојби. Според него, до експлозијата дошло на третиот кат на петтокатница, а дел од зградата се урна, пренесе Тас. Воробьев взял под личный контроль взрыв в жилом доме в Орехово-Зуево. На место отправлен начальник […]

Кети Пери чека ќерка со Орландо Блум


САД- Поп-ѕвездата Кети Пери (35) објави дека чека ќерка со актерот Орландо Блум (43). Ова е прво заедничко дете на двојката која ја одложи свадбата заради коронавирусот, а второ на Блум кој од претходниот брак со манекенката Миранда Кер има син Флин. Ова ќе биде втор брак на Пери. Пејачката пред епидемијата беше ангажирана како […]

МНР: Досега вратени 2.207 наши државјани од странство


Вкупно 2.207 македонски државјани се вратени во земјава заклучно со 4 април, покажуваат податоците на Министерството за надворешни работи кое го организира враќањето на наши граѓани затекнати во странство. Како што објави МНР на фејсбук профилот, од 22 март до 4 април на Глобалниот контакт центар за конзуларни услугу во итни ситуации на Министерството се […]

Вработена во поликлиниката во Чаир заразена со ковид-19


Вработена во поликлиниката во Чаир е позитивна на ковид-19. Информацијата ни ја потврди и директорот на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски. Се работи за жена што работи на шалтерот на главниот влез во објектот и чиј дел е целосно одвоен со стакло, пишува Нова Македонија. Завчеравечер веднаш бил дезинфициран делот во кој работи […]

„Цивил“ со барање да се укинат сите привилегии на функционерите


Значително намалување на превисоките плати и намалување на патните трошоци на сите функционери, како и сите привилегии, но и укинување на доживотните пензии на поранешните претседатели побараа денеска од Здружението на граѓани „Цивил“. Тие преку соопштение посочија дека во период на пандемија и вонредна состојба за спречување на заразата, со распуштен Парламент и одложени парламентарни […]

Во Албанија регистрирани нови 29 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 333 лица


Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19, но и на излекуваните и починати лица. – Во последните 24 часа тестирани се 216 сомнителни случаи од кои 29 се позитивни, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 333 лица. Просечната возраст на заразените е 50 години. Добра вест е што во последните […]