(Фото/Видео) Експлозија во зграда во Русија, еден мртов


Во зграда во градот Ореково-Зуево во московскиот регион дојде до експлозија во еден стан, изјави портпаролот на руското министерство за вонредни состојби.
Според него, до експлозијата дошло на третиот кат на петтокатница, а дел од зградата се урна, пренесе Тас.

Спутник наведува дека загинало најмалку едно лице.
Итните служби наведоа дека можно е експлозијата да се случила поради дефект на опрема.