Кети Пери чека ќерка со Орландо Блум


САД- Поп-ѕвездата Кети Пери (35) објави дека чека ќерка со актерот Орландо Блум (43). Ова е прво заедничко дете на двојката која ја одложи свадбата заради коронавирусот, а второ на Блум кој од претходниот брак со манекенката Миранда Кер има син Флин. Ова ќе биде втор брак на Пери.

Пејачката пред епидемијата беше ангажирана како судија во талент-шоуто „Американски идол“. Сега двојката во самоизолација го чекаа бебето кое ќе пристигне налето.