Пинк откри дека била позитивна на коронавирус ама се излечила


САД-  Поп-ѕвездата Пинк (40) откри дека била позитивна на коронавирусот но по две недели изолација со синот Џејмисон (3) се чувствува добро и новиот тест покажал дека е негативна на вирусот. Затоа упати апел до фановите да останат дома и да се заштитат .

Пејачката во обид да ги поддржи здравствените работници кои секој ден се борат во првите редови со смртоносната болест, донирала 500 илјади долари на Фондот за итни случаи на универзитетот во Филаделфија во чест на мајка ѝ која работела таму 18 години .