Премиер лига ќе нема ниту во мај


Aнглија – Раководството на Премиер лигата соопшти дека натпреварувањето нема да продолжи ниту во мај. На вонредниот состанок, на кој беше разгледана актуелната состојба и прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирус, е заклучено дека здравјето на луѓето е приоритет, а фудбалските услови ќе продолжат што се добијат услови.
Поради прекинот на Премиер лигата, англиските фудбалски клубови бележат големи финансиски загуби, а како одговор на тоа се најавите за понуди на договори за играчите со 30 отсто помали плати.
Договорено е да се формира и фонд од 125 милиони фунти за помош на оние тимови кои подлабоко ќе западнат во криза.
Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на коронавирус на 11 март оваа година.