Мицкоски: Третта година волонтирам, се возам со моја кола


Третта година волонтирам во партијата, во сопствено возило се возам. Можеме да издржиме во ВМРО-ДПМНЕ без финансирање, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  запрашан зошто одбива во рамките на мерките за штедење да се откаже од годишното финансирање на политичките партии.

– Ние бевме јасни, рековме ВМРО-ДПМНЕ ќе ве поддржи. Но, дајте вие (СДСМ) работете барем про боно. Еве јас работам про боно.Рековме, ставете ги двете точки на седница да ги поминеме. Но, ова не е искрено, бидејќи ако е искрено, се оди на Влада, се предлага и поминува, изјави Мицкоски.