Филипче: Мерките ги носиме за да спасиме животи, се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани


Коронавирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка. Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Мерките, посочува тој, мора да се почитуваат, ги носиме за заштита на јавното здравје, за […]

Германија: Нови над 4.000 заразени со вирусот, 86 смртни случаи


Германија– Во Германија, бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 22.672, а 86 починаа, соопшти денеска здравствениот институт Роберт Кох. Во таа држава до вчера имаше 18.610 заразени, и 55 починати.

Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје


–Помеѓу македонските државјани во Хрватска нема заразени со коронавирусот Ковид-19, а меѓу нив нема ниту жртви од вчерашниот земјотрес во Загреб, изјави Назиф Џафери од Амбасадата на земјава во хрватскиот главен град во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“. – Македонската заедница е една од најактивните од останатите 22 заедници во Хрватска. Комуникацијата е секојдневна. Помеѓу […]

СОНК не се согласува со предлогот за намалување на платите во администрација


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) не се согласува со предлогот на СДСМ за намалување на платите на вработените во јавната администрација и бара од Владата доколку добие таков предлог, тој да биде одбиен. Според Синдикатот, ваквиот предлог е радикален и директно ќе влијае врз работниците кои се најмалку платени. Затоа бара итно […]

Интензивирање на ТВ-наставата за да се опфатат сите предмети во основно


Едукативната програма „ТВ Училница“ на МРТВ од денеска продолжува да се емитува поинтензивно. Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ, продукција „ОХО“ и Македонската радио-телевизија ќе обезбеди повеќе часови за повеќе генерации ученици. Предавањата на наставниците, односно часовите ќе траат по 15 минути, велат од МОН, со цел да […]

Коронавирус: Принцот Чарлс и Камила побегнаа во Шкотска


Англија- Поради сегашната пандемија COVID-19, принцот Чарлс и војвотката Камила беа принудени да ја одложат претстојната кралска турнеја во Босна, Херцеговина, Кипар и Јордан. Исто така, откриено е дека војводата и војвотката од Корнвол ја напуштиле Англија и поминуваат време во Шкотска. Помошник на палатата потврдува за BAZAAR.com дека Чарлс и Камила престојуваат на имотот […]

Австрија: Поднесени над 2.800 пријави за непочитување на мерките за намален број социјални контакти


Австрија– Полицијата во Австрија поднела 2.883 пријави до синоќа за неисполнување на мерките на австриската влада со цел намалување на социјалните контакти, според австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер. – Ние се уште имаме ситуација кога 95 проценти од населението соработува совршено, а 5 проценти не го разбрале тоа и полицијата константно постапува против […]

Сместени 59 лица во изолација во „Ибис“


Вчера во доцните вечерни часови во хотелот „Ибис Стајл“  (поранешна Мала Богородица – Систина) се примени првите луѓе кои е потребно да се во изолација односно во карантин. Станува збор за приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“. Од синоќа таму се сместени 59 лица кои во земјава […]

ОН формираат глобален фонд за поддршка на третманот на пациенти со коронавирус


Норвешка– Обединетите нации ќе создадат фонд за поддршка на третманот на пациенти со коронавирус ширум светот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Норвешка. „Мулти-донаторски фонд под покровителство на ОН ќе обезбеди предвидливост за нашите партнери и ќе помогне да се направат напорите поефективни“, нагласи министерот за надворешни работи Ине Ериксен Соереиде во изјавата. Целта […]

Поради коронавирусот, во Холандија уништени милиони лалиња


Холандија – Во Холандија е сезона на лалињата, но годинава тие масовно се уништуваат, оти корона-пандемијата драстично ја намали побарувачката за нив. Купишта лалиња, рози, хризантеми и друг вид цвеќе чекаат на уништување на најголемиот светски пазар… – Тоа е единствено што ни преостанува, вели Мишел ван Ши, гласноворник на Ројал Флора-Холанда – холандското здружение на […]

Солидарна висока мода: Balenciaga и YSL ќе започнат со производство на хируршки маски


Франција- Kering придонесува во напорите во намалувањето на ширењето на коронавирусот помагајќи со недостаток на маски. Луксузниот конгломерат (главен извршен директор е Франсоа Хенри – Пино, сопругот на актерката Салма Хајек) , татко на брендовите, вклучувајќи ги Гучи, Ботега Венета, Александар Меквин и многу други, изјави денеска дека ќе им обезбеди на француските здравствени власти […]

Сенатот на САД не изгласа економска помош поради корона вирусот


Американскиот Сенат не го изгласа законот за економски пакет помош за борба против новиот коронавирус. Демократите се изјаснија против законот и побараа поголема помош за здравствените работници и за тие што се погодени од епидемијата. Преговорите за измени на законот продолжуваат, а демократите оценија дека предлогот на републиканците повеќе е за помош на корпорациите, а […]

И Џонсон се налути: Ако не слушате воведуваме полициски час


Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека доколку луѓето не ги слушаат советите на Владата за социјално дистанцирање, ќе мора да се воведе полицики час и ограничување на патувањата поради спречување на ширење на новиот коронавирус. Во Велика Британија затворени се пабовите, клубовите и вежбалниците, но социјалните мрежи се преплавени со фотографиии од граѓаните кои се […]

Училиштата остануваат затворени, се спроведува онлајн настава


Имајќи предвид дека во Македонија е прогласена вонредна состојба, училиштата и градинките продолжуваат да бидат затворени во овој период, така што продолжува да важи и мерката која предвидува еден родител или старател на дете/деца до 10 годишна возраст да не оди на работа, а отсуството да биде оправдано и платено, велат од Министерството за образование […]

Меган Маркл ја изгуби кралската титула


Англија– Беше само прашање на време кога принцот Хари и Меган Маркл ќе ги изгубат кралските титули , откако се повлекоа од кралските должности како членови на британското кралско семејство. И во саботата, официјалната титула на „кралската“ Меган или какво било упатување кон нејзиниот статус „HRH“ беше официјално отстрането од страницата „ Smart Works “. […]

Осудениот продуцент Вајнстин позитивен на коронавирус: Се заразил во затвор


САД- Холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, кој на 11 март беше осуден на 23-годишна затворска казна за силување и сексуални напади е позитивен на коронавирусот. Тој е во изолација во затворот Венде во близина на Бафало, каде доживотната казна ја издржува и убиецот на Џон Ленон. Првите скандали околу неговите сексуални злосторства се појавија во 2017 […]

Во Албанија трета жртва од Ковид-19


Албанија– Албанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека поради компликации предизвикани од вирусот Ковид-19 починал 71-годишен маж од градот Кучово, што е трет смртен случај од вирусот. Пациентот починал во болница во Тирана, каде што бил сместен пред една недела, и имал напреден карцином на белите дробови покрај коронавирусот. Во Албанија 89 луѓе се заразени со […]

Нагло зголемен бројот на починати од Ковид-19 во Канада


Канада– Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Канада нагло се зголеми и официјалните лица се заканија со казни за граѓаните кои не ги почитуваат мерките за да спречат ширење на болеста. Во Канада, до полноќ во неделата, 20 луѓе починаа од инфекција со коронавирусот, седум повеќе од претходниот ден, соопшти Отава. Бројот на […]

„Република“: Чешка и Полска заплениле помош од Кина за Италија


Италија– Чешка и Полска запреле пратка од Кина итно потребна медицинска опрема за Италија, држава која е тешко погодена од Ковид-19 на европско тло, објави италијанскиот весник „Република“. Еден транспорт на заштитни маски и опрема бил запрен и запленет во Полска, а другиот во Чешка. Во првата испорака од Кина имало 680.000 маски и респиратори, […]

Состојба на патиштата: Без забрани, по влажен коловоз


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажен коловоз. Врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – г.п. Деве Баир.  Поради појава на магла, видливост на планинскиот премин Ѓавато е намалена на 20-50 метри. За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од […]