Австрија: Поднесени над 2.800 пријави за непочитување на мерките за намален број социјални контакти


Австрија– Полицијата во Австрија поднела 2.883 пријави до синоќа за неисполнување на мерките на австриската влада со цел намалување на социјалните контакти, според австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.

– Ние се уште имаме ситуација кога 95 проценти од населението соработува совршено, а 5 проценти не го разбрале тоа и полицијата константно постапува против нив, рече Нехамер во изјавата за радиото Ое1.

Тој додаде дека загрижените граѓани укажуваат на кршење на мерките и полицијата сериозно го сфатила секој повик и го проверува.
Нехамер потврди дека дронови биле користени и за почитување на мерките за ограничено движење.