Нагло зголемен бројот на починати од Ковид-19 во Канада


Канада– Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Канада нагло се зголеми и официјалните лица се заканија со казни за граѓаните кои не ги почитуваат мерките за да спречат ширење на болеста.

Во Канада, до полноќ во неделата, 20 луѓе починаа од инфекција со коронавирусот, седум повеќе од претходниот ден, соопшти Отава. Бројот на потврдени случаи на инфекција се искачи на 1.430, од ​​1.099 во саботата.
Заразата се прошири во сите 10 канадски провинции.

Отава одреди самоизолација од 14 денови за граѓаните кои се враќаат од странство.
Министерката за здравство, Пети Хајду им се закани со казни според законот за карантин на оние што ја прекршуваат одредбата.

– Ние ќе ги искористиме сите расположиви мерки… за да се осигураме дека граѓаните ги почитуваат одредбите, рече Хајду на брифингот за новинари.

Канада веќе ги затвори своите граници, дозволувајќи само најнеопходно патување. Тие, исто така, најавија пакет мерки за олеснување од 27 милијарди американски долари за граѓаните и деловните субјекти, најтешко погодени од епидемијата.
Премиерот Џастин Трудо рече дека ќе бидат преземени и дополнителни мерки.