Осудениот продуцент Вајнстин позитивен на коронавирус: Се заразил во затвор


Тој е во изолација во затворот Венде во близина на Бафало, каде доживотната казна ја издржува и убиецот на Џон Ленон.

Првите скандали околу неговите сексуални злосторства се појавија во 2017 година, кога неколку актерки потврдија дека продуцентот им барал сексуални услуги во замена за улоги.

Тој е осуден поради силувањата на Миријам Хејли и Џесика Ман, а сексуални вознемирувања пријавија и Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу и Ума Турман.