Ројтерс: ЕУ ќе започне преговори со Северна Македонија и Албанија неделава


Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на свои извори пишува дека во последниот нацрт заклучок се носи едногласна одлука за почеток на преговорите за членство со Скопје и Тирана, јавува дописничката на МИА од Брисел. – ЕУ ќе започне пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, според нацрт едногласна одлука на 27-те земји членки и треба да […]

(Фото) Војска ја чува Владата


Војници од Армијата се распределени во поважните институции во земјава, а забележително беше присуството на војската и во Владата. Како што може да се види на фотографиите кои ги испрати нашиот репортер, мобилна екипа на АРМ е присутна во зградата на Владата. Оваа пракса во услови на вонредна состојба ја најави пред некој ден и […]

Лишени од слобода 18 лица за непочитување на полицискиот час


Првата ноќ од полицискиот час од слобода се лишени 18 лица и против нив е поднесена кривична пријава бидејќи давале отпор на полицијата. Од нив пет се во Тетово, по двајца во Гостивар и во Куманово, шест во Кочани и по едно лице во Радовиш, Штип и во Виница. Дури 74 лица биле опоменати бидејќи […]

Без царина увозот на средства за дезинфекција, маски и опрема за медицински цели


Увозот на суровини, материјали и опрема за медицински цели ќе биде без царински давачки, најави на прес конференција Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа. Таквата одлука се очекува да ја донесе Владата на седница в понеделник. „Од плаќање на царина ќе бидат ослободени средствата за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила и медицинска опрема“, […]

Петта жртва од корона вирус во Албанија


Уште еден пациент заразен со „Ковид-19“ почина во Инфективната клиника во Тирана, со што бројот на почнати во Албанија се зголеми на пет. Министерството за здравство соопшти дека петтата жртва е 61-годишен маж од Тирана, кој неколку денови бил на интензивна терапија а пред да почине повеќе часа бил на респиратор. Пациентот боледувал и од […]

Снег во пролет, снежната покривка во следните два дена и над 20 сантиметри


Од утринава во земјава врне снег, иако календарски настапи пролетта. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најмногу снег има наврнато во Маврови Анови – 11 сантиметри. Повремени врнежи од снег се очекуваат и во текот на следните два дена. Снег има во Пожаране каде снежната покривка е девет сантиметри, во Лазарополе осум сантиметри, во Тетово […]

Клавијатуристот на „Бон Џови“ Дејвид Брајан позитивен на коронавирус


САД- Клавијатуристот на „ Бон Џови“ Дејвид Брајан е  најновиот случај на музичар позитивен на коронавирус. Брајан сподели детали за неговата дијагноза на Инстаграм. „Болен сум една недела и се чувствувам подобро секој ден“. Тој рече дека е во карантин од изминатата недела и ги повика фановите да не се плашат. „Те молам, не плаши […]

Што ќе се случи ако Меркел биде болна?


Канцеларката е во домашен карантин поради тоа што имала контакт со лекар инфциран со коронавирус, Меѓутоа, таа и натаму може да си ги извршува задачите. Доколку тоа се промени, се пристапува кон План Б. А, тој е рутина. Ангела Меркел е во карантин! Но, без грижи, Германија поради тоа не е и без раководна рака. […]

Судењето за Рекет одложено за 26 март, Јанева е во ризична група на граѓани


Судењето за случајот Рекет е одложено за 26 март поради здравствената состојба на обвинетата Катица Јанева, која согласно мерките и препораките од Владата за заштита и превенција од Ковид 19 спаѓа во ризична група. Судијката Васка Николова Масевска го прифати барањето на одбраната на обвинетата Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска во кое […]

По земјотресот во Загреб се пријавени 5.500 оштетени објекти


Хрватска –  По серијата земјотреси што го погодија Загреб, досега се пријавени 5.500 оштетени објекти. – Тоа е многу работа што можеме да ја направиме само со несебична поддршка од волонтери од сите инженерски професии, соопштија од Службата за управување со итни ситуации на Хрватска. Службата изработила апликација за пријава на преглед на градбите по […]

На Инфективната клиника почина пациент заболен од коронавирус


Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, […]

Социјално-дистанцирање или во Белата куќа: Каде е семејството Трамп за време на пандемијата на коронавирус?


САД-Бидејќи повеќе држави спроведуваат ограничувања за несуштинско патување и работа во обид да го забават ширењето на пандемијата на коронавирус, многу членови на семејството на претседателот Доналд Трамп остануваат во Вашингтон, Д.Ц. Претседателот Трамп – кој во последниве денови го смени тонот за вирусот, додека се соочи со критики за начинот на кој досега управуваше […]

Европските берзи бележат пад


Англија– Вредноста на акциите на европските берзи денеска се намали до најниското ниво во последните седум години, поради тоа што се поголем број држави се во самоизолација поради новиот коронавирус, па вложувачите стравуваат од длабока рецесија. СТОХХ 600 индексот на водечките европски акции околу девет часот и 30 минути беше во минус 4,6 отсто, што […]

Меркел имала само кус контакт со заразениот лекар


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел беше само кратко во контакт со лекарот, кој подоцна беше позитивно тестиран за коронавирусот, па има добри шанси таа да не е заразена, изјави шефицата на нејзиниот кабинет Хелга Браун. Таа рече дека Меркел во петокот примила вакцина против пневмокока, бактерија која предизвикува пневмонија, и отиде во самоизолација во неделата […]

Италијанец на 34-годишна возраст починал од коронавирус иако спортувал и бил здрав


Италија– Емануел Ренци (34) од Рим починал по брза компликација, откако се заразил со коронавирусот, објавија италијански медиуми. Емануел бил примен на интензивна нега во клиника во Рим, но починал шест дена подоцна. Ренци отпатувал во Барселона од шести до девети март и при враќањето од Шпанија се почувствувал лошо. Сепак првиот ден по одморот […]

Во Дебар и Центар Жупа ќе се издаваат пропусници за движење


Владата на 13 март 2020 година донесе одлука за воведување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа со цел прекин на ширењето на корона вирусот. Од таа причина Центарот за управување со кризи одлучи заради регулирање на движењето и работата во подрачјето зафатено со кризна состојба, на учесниците во Системот за управување со […]

Казна од 5.000 евра за 19 грчки граѓани кои ја прекршиле домашната изолација


Грција– Наместо во 14-дневна домашна изолација, како што е предвидено, 19 грчки граѓани кои се вратиле од странство, при спроведените контроли биле вон или околу нивните домови и им била изречена казна од 5000 евра, според заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. При репатријација задолжителен е […]

Чулев: Состојбата на терен е мирна, најголем дел од граѓаните ги почитуваат мерките


Полициските службеници не се сами во извршување на нивните обврски, тука е поддршката од мене и поддршката од сите граѓани кои со почитување на одлуката на Владата покажуваат исклучителна почит кон униформираните лица кои се грижат за нашата безбедност и нашето здравје. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при синоќешната посета на […]

Во Албанија четврта жртва од „Ковид-19“


Албанија- Во Албанија се зголемува бројот на починати лица од „Ковид 19“. Утрово регистрирана е четвртата жртва, маж на 43-годишна возраст,кој бил хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана. „По влошување на сосотојбата во текот на ноќта, 43-годишниот пациент од Каваја беше ставен на респираторна машина. И покрај напорите на лекарите,тој почина утрово. Пациентот не боледувал од […]