(Фото) Војска ја чува Владата


Војници од Армијата се распределени во поважните институции во земјава, а забележително беше присуството на војската и во Владата.

Како што може да се види на фотографиите кои ги испрати нашиот репортер, мобилна екипа на АРМ е присутна во зградата на Владата.

Оваа пракса во услови на вонредна состојба ја најави пред некој ден и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Армијата ќе го преземе обезбедувањето на објекти како Собранието, Владата, како и други важни локации како на пример, затворите – рече Шекеринска.

Таа најави и дека Армијата ќе ја преземе контролата на границите, ќе спроведува и проверка на влезови и излези од населени места, каде ќе бидат поставени мобилни пунктови.