Италијанец на 34-годишна возраст починал од коронавирус иако спортувал и бил здрав


Италија– Емануел Ренци (34) од Рим починал по брза компликација, откако се заразил со коронавирусот, објавија италијански медиуми.

Емануел бил примен на интензивна нега во клиника во Рим, но починал шест дена подоцна.

Ренци отпатувал во Барселона од шести до девети март и при враќањето од Шпанија се почувствувал лошо.

Сепак првиот ден по одморот Емануел се вратил на работа во Центар за повици. Првично имал температура и откако тестот за корона се покажал позитивен, тој бил примен во болница.

Емануел имал едно дете, а родителите на Емануел живееле во близина на општината… , каде често одел да го види. Според неговиот татко, Емануел спортувал и не пушел. Сите пријатели на Емануел велат дека бил исклучително здрав човек со волја за живот.

Според весникот Република, ќе се направи обдукција на телото за да се утврди смртта и дали страдал од нешто друго.