Клавијатуристот на „Бон Џови“ Дејвид Брајан позитивен на коронавирус

САД- Клавијатуристот на „ Бон Џови“ Дејвид Брајан е  најновиот случај на музичар позитивен на коронавирус. Брајан сподели детали за неговата дијагноза на Инстаграм.

„Болен сум една недела и се чувствувам подобро секој ден“.

Тој рече дека е во карантин од изминатата недела и ги повика фановите да не се плашат.

„Те молам, не плаши се !!! Тоа е грип не е чума. Јас сум ставен во карантин една недела и ќе сакам уште една недела “, напиша тој. „Кога ќе се чувствувам подобро, повторно ќе се тестирам за да се осигурам дека немам ваков гаден вирус. Ве молиме, помогнете едни на други. Ова ќе заврши наскоро… со помош на секој Американец !! ”

Брајан е најновата славна личност што излезе во јавноста со оваа дијагноза. Енди Коен, Том Хенкс, Рита Вилсон, Кевин Дурант, Идрис Елба, Даниел Дае Ким, Деби Мазар, Руди Гоберт, принцот Алберт од Монако, главниот тренер на НФЛ Шон Пејтон и  sвездата на The Bachelor Колтон Андервуд, славниот оперски пејач Пласидо Доминго, филмскиот продуцент Харви Вајнстин, сите се позитивни на коронавирус.