Петта жртва од корона вирус во Албанија


Уште еден пациент заразен со „Ковид-19“ почина во Инфективната клиника во Тирана, со што бројот на почнати во Албанија се зголеми на пет.

Министерството за здравство соопшти дека петтата жртва е 61-годишен маж од Тирана, кој неколку денови бил на интензивна терапија а пред да почине повеќе часа бил на респиратор. Пациентот боледувал и од други болести.

Ова е трета жртва од корона вирусот во последните дванаесет часа во Албанија.