Лишени од слобода 18 лица за непочитување на полицискиот час


Првата ноќ од полицискиот час од слобода се лишени 18 лица и против нив е поднесена кривична пријава бидејќи давале отпор на полицијата.

Од нив пет се во Тетово, по двајца во Гостивар и во Куманово, шест во Кочани и по едно лице во Радовиш, Штип и во Виница.

Дури 74 лица биле опоменати бидејќи биле надвор за време на полицискиот час, вели владин извор за „Независен“.

Генерално забраната за движење се почитува на територијата на целата држава..Сите овие лица ќе одговараат како за ширење зараза, по член 206 од КЗ, т.е. за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Но, ќе им биде закачено и кривично дело напад на службено лице, за што обвинител може да побара мерка притвор. Истото е и со случаите кај кои било најдено оружје синоќа, меѓу овие 18 лица.

Кривични пријави ќе бидат поднесени и против 23 лица кои биле фатени надвор од своите домови иако имале решенија за изолација или потпишале изјава за самоизолација. Еден од нив е спроведен во карантин во државен објект.Во моментов полицијата контролира 618 лица кои се во изолација со решение и 7.307 со изјава за саомизолација. (С.Ј.)