Сместени 59 лица во изолација во „Ибис“


Вчера во доцните вечерни часови во хотелот „Ибис Стајл“  (поранешна Мала Богородица – Систина) се примени првите луѓе кои е потребно да се во изолација односно во карантин. Станува збор за приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“. Од синоќа таму се сместени 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово. Во хотелот се и 6 полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои се менуваат на смени 24/7. Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик. Лицата со симптоми на Ковид 19 ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника. Согласно ова, 4 лица кои вчера вечерта имаа покачена температура на проверката, веднаш беа испрати во Инфективната клиника.

За вработените од болницата е обезбедена заштитна опрема .Двата хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ имаат капацитет од 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби се за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби. Овие капацитети беа ставени на располагање без претходни услови, а   трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и„ Аџибадем Систина“.