Костадинов ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласат за одземање на мандатот на Груевски


Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов денеска ги повика своите колеги особено, како што посочи од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер кој избега во Унгарија. Побара од пратениците на опозициската партија да ја почитуваат одлуката на нивниот ИК одржан синоќа. За лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски …

Костадинов ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласат за одземање на мандатот на Груевски Read More »

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта


Германија – Поради проблемот со загаденоста со хлориди на руската нафта од нафтоводот „Дружба“, германскиот пазар почнува да страда од недостаток на суровини. Некои нафтени компании се веќе на раб на банкрот. Нема извештаи за недостигот на нафта на германскиот пазар. Руската страна се обврза целосно да го реши проблемот до почетокот на јуни. Сепак, фактите покажуваат …

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта Read More »

Џафери: Северна Македонија наскоро 30-та членка на НАТО


Протоколот за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО оди со добра динамика, во јуни очекуваме да го ратификува американскиот Сенат и сигурен сум дека уште оваа година, ние и формално ќе станеме полноправна членка на Алијансата, истакна денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на отворањето на дводневниот Специјален семинар „Следните чекори кон НАТО“ …

Џафери: Северна Македонија наскоро 30-та членка на НАТО Read More »

Културњаците ги добија априлските плати


По неколку недели доцнење на платите за вработените во националните установи од културата, тие вчера информираа дека парите за априлската плата се префрлени. Доцнењето со платите настана откако се донесе владино решение за порамнување на платите на 2 899 вработени во националните и во локалните установи од областа на културата. Од Синдикатот на културата на …

Културњаците ги добија априлските плати Read More »

„Човекот по име Уве“ преведен и објавен на македонски јазик


Фредрик Бакман е шведски писател и колумнист, кој пишува лесно движечки приказни – одисеи за обичниот маж и обичната жена, за нивните секојдневни храбри потези и одлуки. Неговиот стил е екстремно смешен, но и емотивен и паметен. Досега објавил шест романи, две новели за животот и љубовта и една книга за родителство. Во 2012 година …

„Човекот по име Уве“ преведен и објавен на македонски јазик Read More »

Мајка и дете со изгореници по пожарот во Центар


Во вторникот, во 9.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала  В.С. (43). Во моментот кога избил пожарот во станот се наоѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот …

Мајка и дете со изгореници по пожарот во Центар Read More »

За пет илјади долари: Се продава евровизискиот костим на Марија од „Ај Кју“


Евровизискиот костим кој го носеше пејачката Марија од „Ај Кју“ во 2018 во Лисабон, е ставен на продажба на eBay по цена од 5.000 долари, плус 127 долари испорака. На евровизиската сцена, пејачката носеше розово палто, а под него имаше едноделен костим кој бил шиен 2.000 часа. Иако според нив ова е модно ремек-дело, сепак …

За пет илјади долари: Се продава евровизискиот костим на Марија од „Ај Кју“ Read More »

Поранешен градоначалник на Техеран призна дека ја убил сопругата


Полицијата го уапси некогашниот ирански потпретседател и поранешен градоначалник на Техеран, Мохамад Али Наџафи, откако призна дека убил една од своите две жени со пиштол во нивната куќа. Полицијата вчера го привела Наџафи откако сам се пријавил и признал дека ја убил својата сопруга Митра Наџафи, јави агенцијата ИРНА цитирајќи го обвинителот Мухамед Џахријари. Џахријари …

Поранешен градоначалник на Техеран призна дека ја убил сопругата Read More »

Затворена една лента на дел од Автопатот Скопје – Велес


Левата коловозна лента на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска од 10.00 до 13.00 часот ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ. Затворањето на коловозната лента е поради изведување градежни активности. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

УБК заминува во историјата. Кого Заев ќе го избере за прв разузнавач?


За неколку дена, на Горан Николовски ќе му биде прекинат мандатот како директор на УБК, а дотогаш владата треба да го именува првиот директор на новата Агенција за безбедност, чие формирање е уредено со Законот што минатата седмица го донесе парламентот со 91 глас „за“, а вчера го потпиша претседателот Стево Пендаровски. Според неофицијални информации, …

УБК заминува во историјата. Кого Заев ќе го избере за прв разузнавач? Read More »

Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн


13-тата по ред традиционална Годишна изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн ќе се отвори утревечер во 20 часот, во халата на старата печатница во објектот на Европски универзитет во Скопје (каде се одржа пролетниот Моден викенд Скопје). И овој пат, изложбата ќе ги претстави најдобрите дела и дизајн решенија кои произлегоа од …

Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн Read More »

„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања


Кина – Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ денеска почна постапка пред американски суд, со која ја оспорува уставноста на Законот за ограничување на продажбата на неговата телекомуникациска опрема, што е најнов потег во тековниот конфликт со американската Влада. Главниот правен застапник на „Хуавеи“, Сонг Лупинг, изјави на прес-конференција дека компанијата поднела барање, судот да пресуди без да …

„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања Read More »

Внуката на Коле Штерјев, обвинителка во „Ликвидација“


Новинарот Томислав Кежаровски, шест години откако беше осуден, пак треба да седне на обвинителна клупа за случајот „Ликвидација“. На 2 јули спроти него нема да биде обвинителката Лиле Стефанова, која првично го водеше овој случај, туку обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Марија Ѓорѓева. Стефанова сега е обвинител во Специјалното јавно …

Внуката на Коле Штерјев, обвинителка во „Ликвидација“ Read More »

Катругалос: Знаевме дека ќе загубиме гласови поради Преспа


Знаевме дека ќе загубиме одредени гласови поради Договорот од Преспа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчката телевизија „Контра“ и објаснува дека СИРИЗА имаше лоши резултати на изборите и во други области, а не само во северниот дел, каде што беа најсилни реакциите за решението меѓу двете земји, јави …

Катругалос: Знаевме дека ќе загубиме гласови поради Преспа Read More »

Воената вежба „Одлучен удар” и во Битола


Во рамки на воената вежба „Одлучен удар”, која од 5 јуни до 9 јули ќе се одржи на ЦПО Криволак, еден програмски ден ќе биде реализиран во Битола. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека оваа активност е договорена на синоќешниот заеднички состанок со секретарот на Општина Битола, претставници од Министерството …

Воената вежба „Одлучен удар” и во Битола Read More »

Заев во опасна трка со времето


ЕРОЛ РИЗАОВ Големината и радикалноста на смените и ротациите на владините и партиските функционери на социјалдемократите нема да имаат големо значење ако на премиерот Зоран Заев му падне стрелката на часовникот во симултанката што ја игра во цајтнот. Иако е во добитна позиција, може да ги изгуби и партијата и владата. Тоа би било поголема …

Заев во опасна трка со времето Read More »

Информативен пулт за граѓаните во Народната банка


Во текот на Деновите на финансиската писменост, од денеска до петок, во просториите на Народната банка има информативен пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас. Заинтересираните граѓани ќе може да го посетат и Музејот …

Информативен пулт за граѓаните во Народната банка Read More »

Над 73.000 деца ќе користат детски додаток, а над 64.000 образовен додаток


Од денеска, започнува реализацијата на мерките од новата социјална реформа која целосно го преобразува системот за социјална заштита. Тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари од денеска можат да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може …

Над 73.000 деца ќе користат детски додаток, а над 64.000 образовен додаток Read More »

Електричните автомобили за 20 години ќе преовладуваат на пазарот


САД – Автомобилите на електричен погон сега се мал дел од пазарот, но во блиска иднина тоа значително ќе се промени, тврдат аналитичари на БНЕФ (Bloomberg New Energy Finance) и според нив до 2040 година околу 57 отсто од новопродадените автомобили ќе бидат со електричен погон. Истото важи како за патнички така и за лесни комерцијални …

Електричните автомобили за 20 години ќе преовладуваат на пазарот Read More »

Федерер доби дрес од Мбапе


Франција– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се состана во Париз со напаѓачот пари Сен-Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе во Париз, каде што се одржува Грен слемот „Ролан Гарос“. Фудбалерот на Федерер му подари свој дрес. За потсетувањње, во првото коло Федерер го победи Италијанецот Лоренцо Сонего. Во следниот натпревар ќе игра со германскиот тенисер Оскар Оте.