Воената вежба „Одлучен удар” и во Битола


Фото: Б.Грданоски
Во рамки на воената вежба „Одлучен удар”, која од 5 јуни до 9 јули ќе се одржи на ЦПО Криволак, еден програмски ден ќе биде реализиран во Битола.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека оваа активност е договорена на синоќешниот заеднички состанок со секретарот на Општина Битола, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот, раководството на вежбата, како и претставници на силите на САД во Европа.
-Во рамки на активностите што се дел од вежбата „Одлучен удар”, на 29 јуни во Битола, ќе се одржи тактичко технички настан со воени возила, вооружување и опрема што ги користат Армијата на САД и АРМ, информираат од тамошната локална самоуправа.
Вежбата „Одлучен удар”, вклучува интероперативност, интеграција, интеракција, комбинирана здружена вежба, боеви гаѓања, теренски активности, презентација на способности и дружења во повеќе градови.