Федерер доби дрес од Мбапе


Франција– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се состана во Париз со напаѓачот пари Сен-Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе во Париз, каде што се одржува Грен слемот „Ролан Гарос“.

Фудбалерот на Федерер му подари свој дрес.

За потсетувањње, во првото коло Федерер го победи Италијанецот Лоренцо Сонего. Во следниот натпревар ќе игра со германскиот тенисер Оскар Оте.