Информативен пулт за граѓаните во Народната банка


Фото: Б. Грданоски
Во текот на Деновите на финансиската писменост, од денеска до петок, во просториите на Народната банка има информативен пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас.

Заинтересираните граѓани ќе може да го посетат и Музејот на Народната банка.

Во Народната банка, денес и во следните два дена ќе се одржат и едукативни презентации за платниот систем и платежните услуги, банкарскиот систем и монетарната политика. За присуство на овие презентации, граѓаните имаа можност да се пријават во изминатите две недели.

Годинава, Деновите на финансиска писменост се одржуваат со поинаков концепт од досегашните – концепт на отворени врати за граѓаните.

Информативни пултови по повод Деновите на финансиската писменост ќе има и во експозитурите и филијалите на дел од банките во земјава, како и во штедилниците. Првпат, банките и штедилниците, вакви пултови ќе имаат во повеќе градови низ земјава, со што ќе се обезбеди подобар опфат на популацијата.