За пет илјади долари: Се продава евровизискиот костим на Марија од „Ај Кју“


Евровизискиот костим кој го носеше пејачката Марија од „Ај Кју“ во 2018 во Лисабон, е ставен на продажба на eBay по цена од 5.000 долари, плус 127 долари испорака.

На евровизиската сцена, пејачката носеше розово палто, а под него имаше едноделен костим кој бил шиен 2.000 часа.

Иако според нив ова е модно ремек-дело, сепак тие ја освоија наградата за најлошо облечени претставници лани на Евросонг.

„Ај Кју“ беше македонски претставник во Португалија со песната „Lost and Found“ и го освоија 18. место на полуфиналната вечер.