Возило излетало од патот Могила-Будаково, повредени пет лица


СВР-Битола соопшти дека синоќа во 21:20 часот било пријавено дека на патот Могила-Будаково пред селото Радобор се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку државјани на Република Турција. Во сообраќајката учествувал патничко возило „форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (44) од село Канатларци, Прилепско излетало од патот и притоа во незгодата со …

Возило излетало од патот Могила-Будаково, повредени пет лица Read More »

Навивач на Ливерпул исчезна по финалето на Лигата на шампионите


Младиот навивач на Ливерпул, Маколи Нигас исчезна по финалниот натпревар во Лигата на шампионите во Мадрид со Тотенхем (2:0), објави новинарката Џени Кирхам. Натпреварот се одигра во саботата на стадионот на Атлетико. Според Кирхам, навивачот требаше денес да лета дома (Англија), но тоа не се случило, а семејството не добило никакви пораки од него.

Кралеви за победа: Стинг и Влатко ја славеа шампионската титула на „Вардар“


Наш, гитарски виртуоз, Влатко Стефановски и светски, кој не се симнува од музичкиот врв, Стинг , синоќа, со цела Македонија на Градскиот стадион ја славеа шампионската титула на РК „Вардар“ . Во амбиент на еуфорија на улиците на Скопје, засиленото полициско обезбедување и немањето паркинг за жива глава, скопската фаца од Дебар маало беше одлично, …

Кралеви за победа: Стинг и Влатко ја славеа шампионската титула на „Вардар“ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за празников


ОВЕН: Решителни и храбри, сега ќе ги искористите сите шанси за романтично исполнување: небото повторно мириса на ванила и ќе најдете со кој да го споделите своето животно патување. Работните задачи ви се чинат лесни и тоа ви дава сила да ги надминете доскорешните ограничувања: организирани и агилни, им гледате на мистериите во очи! БИК: …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за празников Read More »

Оставка или нов политички трик на Груевски


Во парламентот не е стигната пратеничката оставка што поранешниот премиер, а сега бегалец од правдата, Никола Груевски, ја најави среде викенд преку социјалните мрежи. Ако стигне во меѓувреме и ако овој собраниски состав ја потврди, тоа, всушност, ќе значи петто демисионирање на некогашниот премиер од законодавниот дом. Во четирите претходни собраниски состави, од 2006 година …

Оставка или нов политички трик на Груевски Read More »

Уапсено лице кое се паркирало пред Белата куќа


Белата куќа и поголемиот дел од 17-та улица биле привремено затворени, додека американските власти апселе возач кој се паркирал пред капијата на резиденцијата на американскиот претседател. Тајната служба во соопштение информира дека синоќа едно лице во патнички автомобил се паркирало пред Белата куќа и излегло од автомобилот. Откако лицето ја игнорирало наредбата да се врати …

Уапсено лице кое се паркирало пред Белата куќа Read More »

Столтенберг: Со нетрпение ве очекуваме како триесеттата членка на НАТО


Со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија како 30-та членка на Северноатланстаката алијанса, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на синоќешниот прием во Собранието што за него и за 29-те амбасадори на Алијансата, го приреди собранискиот спикер Талат Џафери. – Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам  Северна …

Столтенберг: Со нетрпение ве очекуваме како триесеттата членка на НАТО Read More »

Бр. 425


Никола Дујовски – Кој ќе не чува од чуварите? Зградите пееја, дрвјата танцуваа Столтенберг и амбасадорите стигнаа со два авиона Министерките “обезбедени” како ретки појави Сакаме да создадеме пообучени генерации од предходните

Пендаровски на Стинг му ја подари Македонската рок енциклопедија


Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со музичката легенда Стинг, кој вечерва настапува на Градскиот стадион. Пендаровски на Стинг му подарил неколку цедиња со македонска рок музика, како и првиот том од Македонската рок енциклопедија. “Средба со Стинг, еден од најдобрите музичари во светот кој со своите песни инспирирал и инспирира генерации. Човек пред своето време, …

Пендаровски на Стинг му ја подари Македонската рок енциклопедија Read More »

Папата им се извини на Ромите поради дискриминацијата


Папата Франциск денеска им се извини на Ромите поради дискриминациите во историјата на кои била подложена оваа заедница во Европа, и им оддаде почит на католиците во Романија, кои биле прогонети за време на владеењето на комунистите. – Историјата не учи дека на христијаните, вклучувајќи ги и католиците, не им е непознато правење такво зло. …

Папата им се извини на Ромите поради дискриминацијата Read More »

Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет пристигнаа во официјална посета на земјата


Министерот за надворешни работи Никола Димитров и делегација на Владата на Република Северна Македонија, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и амбасадорите на земјите членки на Алијансата, членови на Северноатлантскиот совет кој утре во нашата земја ќе го одржи својот редовен состанок со теми од програмата за работа …

Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет пристигнаа во официјална посета на земјата Read More »

Дибиров: Ако сега некој не му помогне на Вардар, треба сите да завршиме со кариерите


Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е временекој даизлезе во пресрет и даму помогне на клубот. Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните“ се искачија на европскиот ракометен трон. Според него оваа титула е …

Дибиров: Ако сега некој не му помогне на Вардар, треба сите да завршиме со кариерите Read More »

Парондо: Немам зборови за моите момци и за нивниот подвиг


Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по победата над Веспрем вечерва во финалето на „Фајнал фор“ турнирот во Келн изјави дека ова е неверојатен резултат за клубот и се заблагодари на играчите и раководството. – За секој кој се разбира од ракомет, можам да кажам дека ова беше одличен турнир. Им честитам на Веспрем, играа многу …

Парондо: Немам зборови за моите момци и за нивниот подвиг Read More »

(ФОТО) Еуфорична прослава во Скопје на победата на Вардар


Навивачите ширум државава ја прославуваат втората шампионска титула на ракометниот клуб Вардар по вечерашната победа во Келн. Голем број граѓани се собраа на Градскиот плоштад во Скопје да го проследат дуелот, каде сега се прославува големиот успех на македонскиот ракомет. Веднаш по завршувањето на мечот колони возила се упатија во центарот на главниот град, каде …

(ФОТО) Еуфорична прослава во Скопје на победата на Вардар Read More »

Карачиќ е МВП на фајнал-форот во Келн


Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Хрватскиот репрезентативец одигра одлично во дуелите против Барселона вчера и денеска во финалето против Веспрем и сосема заслужено го доби ова признание. Ова беше и најдобар начин за простување на Хрватот од дресот на македонскиот првак. Десното крило …

Карачиќ е МВП на фајнал-форот во Келн Read More »

Заев преку Фејсбук му ја честиташе новата европска титула на Вардар


Премиерот Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил ја честиташе победата на Вардар против Веспрем и новата европска титула. – Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!“, напиша Заев на ФБ.

(ФОТО) Стинг му честиташе на Вардар за европската титула


Светската музичка ѕвезда Стинг, во пресрет на вечерашниот концерт на Националната арена „Тодор Проески“, му испрати честитка на Вардар за новата европска шампионска титула. Од „Авалон Продукција“ преку својот фејсбук профил објави фотографија од Стинг со дрес од Вардар пред самиот почеток на концертот, кој беше поместен за половина час, токму поради финалниот натпревар на …

(ФОТО) Стинг му честиташе на Вардар за европската титула Read More »

Мала излезност и доминација на кандидатите од Нова демократија на локалните избори во Грција


Мала излезност, пресврт во Солун и целосна доминација на Нова демократија во цела Грција, се главните карактеристики што го одбележаа вториот круг од локалните избори. На официјалниот сајт на грчкото МВР по првичните официјални резултати од денешниот втор круг од локалните избори, мапата на Грција со 13те периферии е обоена сина- бојата на Нова демократија, …

Мала излезност и доминација на кандидатите од Нова демократија на локалните избори во Грција Read More »

Европскиот ракометен трон повторно е „црвено-црн“: Вардар до втора титула во ЛШ!


Македонскиот шампион Вардар е нов европски ракометен шампион. Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11). Играчите на Роберто Парондо играа одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните“ губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа да …

Европскиот ракометен трон повторно е „црвено-црн“: Вардар до втора титула во ЛШ! Read More »

Нетанјаху ги разреши министрите за правда и образование


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги разреши министрите за правда и образование Ајелет Шакед и Нафтали Бенет, јавија светските агенции повикувајќи се на функционери од Кабинетот на Нетанјаху. Потезот на Нетанјаху доаѓа само неколку дена откако израелскиот Парламент изгласа одржување нови избори. Шакед и Бенет не откриваат дали ќе се кандидираат на септемвриските избори. Нивната партија …

Нетанјаху ги разреши министрите за правда и образование Read More »