Хороскоп: Што велат ѕвездите за празников

ОВЕН: Решителни и храбри, сега ќе ги искористите сите шанси за романтично исполнување: небото повторно мириса на ванила и ќе најдете со кој да го споделите своето животно патување. Работните задачи ви се чинат лесни и тоа ви дава сила да ги надминете доскорешните ограничувања: организирани и агилни, им гледате на мистериите во очи!

БИК: Повторно сте среќни бидејќи успеавте во последен час да го дадете најдоброто од себе: како магионичар кој што од ракавот вади шарен предмет. Подгответе се за нова фаза во животот и претставете се во ново светло: мудри и прагматични, фокусирајте се и завршете ги заостанатите проекти. Одморете малку, па потоа продолжете со работа.

БЛИЗНАЦИ: Обрнете внимание на променливото расположение, како и на информациите кои што ги добивате и препраќате: ако некој сака да си замине, не можете да го спречите ниту, пак, можете да го спречите оној што доаѓа. Бидете практични и насмејте се повеќе ако се случи нешто неочекувано: поставете здрави граници и меѓу луѓето останете сосема смирени.

РАК: Нема смисла да останете заглавени во место мислејќи дека сте жртва на некоја неправда: ако, пак, сте болни и ви треба помош, не плашете се да ја побарате. Не гледајте го светот како непријателско место, туку откријте ја божествената шема вткаена во секој чин на природата. Постојат шанси за патување покрај вода, каде што ќе ја реставрирате својата сила.

ЛАВ: Наместо да брзате на интимен план, добро ќе биде да правите калкулирани чекори: трпеливи кон саканите, ќе знаете кога да отстапите и да им дадете предност. Тоа е живот во божествен стил и полн со грациозност. Штом откриете која инвестиција е сигурна, отворете се повеќе и насмејте се: небото секогаш чува некоја тајна скриена шанса.

ДЕВИЦА: Можеби сте поттикнати да дејствувате, но ова не е вистинскиот момент: почекајте малку и откријте го богатството во природниот свет. Што и да се случува, ставете се себеси во втор план и дозволете си да се одморите, па колку и да ви се чини тешко. За некои врати е потребен клуч, додека пак за другите е потребна интелигенција: избирајте го темпото!

ВАГА: Препрашајте се добро дали дејствувате според потребите на времето: за да ја постигнете саканата среќа, треба да откриете од што да се откажете. Интуицијата ви вели дека сте пред крупни промени, а периодот изобилува со можности: надраснете ја мрзеливоста и вратете ја надежта во својот живот. Пријателите се тука да ви помогнат.

СКОРПИЈА: Оставете го минатото зад себе, како да сте чекореле над огин: полни со нови реализации, знаете како да ги направите конечните одлуки. Непредвидени случки, како и средба со луѓе со нестабилен карактер: најважно е да останете флексибилни и склони кон компромис. Бидете чесни и имајте оптимизам во секоја пригода. Насмејте се повеќе!

СТРЕЛЕЦ: Расположени и заводливи, прекрасно е да се биде во вашето друштво: говорите љубезни зборови и сте прилично внимателни кон останатите гледајќи ги нивните реакции. Креативни и полни со досетки, сè ви доаѓа природно: патувањата, радоста или професионалните потфати. Одлучете се кон која страна ќе појдете и соберете го тимот.

ЈАРЕЦ: Можеби сметате дека работите не ви одат од рака и тоа ви претставува своевидна мистерија: најверојатно е дека сте преморени и дека треба да научите да се опуштите, токму тогаш кога целиот свет ќе вреска да продолжи напред. Не се обесхрабрувајте, дишете смирено и бројте до десет, наоѓајќи време да размислите за сè.

ВОДОЛИЈА: Одличен период да се одморите и да им ја изразите својата лојалност и љубов на саканите: тука сте да минете подолго време заедно, да научите да се смеете, а не да се борите за доминација. Имате моќ да опстанете и во најтешките услови, а сè што треба е да се сетите на неа: внимателни и мудри, ќе знаете кога е време за дејствување. Не плашете се!

РИБИ: Се чини што и да фатите сè претвора во злато: ослободени од преголемите должности, зрачите со редок интелект. Другите ве забележуваат и ви ги пренесуваат своите идеи: дозволете ѝ на интуицијата да ве води и поработете на самодовербата. Некој е тука да ве шармира, како ќе одговорите? Набрзо ќе ги соберете плодовите на својата работа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yaho