Навивач на Ливерпул исчезна по финалето на Лигата на шампионите


Младиот навивач на Ливерпул, Маколи Нигас исчезна по финалниот натпревар во Лигата на шампионите во Мадрид со Тотенхем (2:0), објави новинарката Џени Кирхам.

Натпреварот се одигра во саботата на стадионот на Атлетико.

Според Кирхам, навивачот требаше денес да лета дома (Англија), но тоа не се случило, а семејството не добило никакви пораки од него.