(ФОТО) Стинг му честиташе на Вардар за европската титула

Светската музичка ѕвезда Стинг, во пресрет на вечерашниот концерт на Националната арена „Тодор Проески“, му испрати честитка на Вардар за новата европска шампионска титула.

Од „Авалон Продукција“ преку својот фејсбук профил објави фотографија од Стинг со дрес од Вардар пред самиот почеток на концертот, кој беше поместен за половина час, токму поради финалниот натпревар на Вардар во Лигата на шампионите.