Пендаровски на Стинг му ја подари Македонската рок енциклопедија


Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со музичката легенда Стинг, кој вечерва настапува на Градскиот стадион.
Пендаровски на Стинг му подарил неколку цедиња со македонска рок музика, како и првиот том од Македонската рок енциклопедија.

“Средба со Стинг, еден од најдобрите музичари во светот кој со своите песни инспирирал и инспирира генерации. Човек пред своето време, уметник, толку голем, а така скромен.
Вечерва Скопје ќе ужива во безвременските хитови. Со Бети и Огнен, на Стинг за спомен му подаривме колекција македонски рокенрол плочи и ЦД-а, како и ,,Македонска РОК енциклопедија” и му посакавме незаборавен концерт”, информираше Пендаровски.