(ФОТО) Еуфорична прослава во Скопје на победата на Вардар


Навивачите ширум државава ја прославуваат втората шампионска титула на ракометниот клуб Вардар по вечерашната победа во Келн.

Голем број граѓани се собраа на Градскиот плоштад во Скопје да го проследат дуелот, каде сега се прославува големиот успех на македонскиот ракомет.

Веднаш по завршувањето на мечот колони возила се упатија во центарот на главниот град, каде до доцна во ноќта ќе се слави големата победа на „црно-црните“.