Заев преку Фејсбук му ја честиташе новата европска титула на Вардар


Премиерот Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил ја честиташе победата на Вардар против Веспрем и новата европска титула.

– Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!“, напиша Заев на ФБ.