Вооружена престрелка во Сарај, едно лице повредено
Едно лице е застрелано во вооружена престрелка рано попладне во селото Арнакија во општина Сарај, потврди МВР. Повреденото лице е префрлено во градската општина болница 8ми септември и се наоѓа надвор од животна опасност. Полицијата во моментов врши увид.