Приоритет на хрватското претседавање ќе биде проширување на ЕУ кон Западен Балкан


Финска– Министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман изјави дека Загреб го поддржува влегувањето на земјите од Западен Балкан во Европска Унија, но под услов ако ги исполнат сите важни критериуми.

– Проширувањето на Западен Балкан ќе биде и еден од приоритетите на идното хрватско претседавање на ЕУ, посочи Грлиќ Радман.

На министерскиот состанок во Хелсинки, на кој присуствуваа и партнерите од Западен Балкан се разговараше за различни модалитети на регионалната соработка, важните демократски процеси и реформи кои мора да ги исполнат земјите од Западен Балкан.

Грлиќ Радман во има на Хрватска го поддржа отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и апелираше на што побрзо формирање  на власт во Босна и Херцеговина со цел функционирање на државата.