Две јахти се судрија во близина на грчкиот остров Егина


Туристка од Велика Британија е повредена и пренесена во болница откако се судрија две јахти во близина на пристаништето на грчкиот остров Егина, објавија грчките медиуми.

Несреќата се случила од засега непознати причини, а на едната јахта-едрилица имало осум романски туристи, кои поминале без повреди, додека, пак, на втората, од типот Катамаран, била двојка од Велика Британија.

Повредената Британка била пренесена во болницата на островот.