(ВО ЖИВО) На Табановце почнува заедничкото гранично управување со Србија


Премиерите на Северна Макеоднија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, на граничниот премин Табановце го означуваат почетокот на заедничкото гранично управување „Оне стоп шоп“. На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за […]

Брисел за СЈО: Веруваме во институции, не во личности


Белгија – Европската Комисија смета дека на македонските политички сили е да изнајдат договор за замената на Катица Јанева во согласност со законот и потенцира дека нема никаква улога во овој процес. -Воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство на Северна Македонија беше дел од Договорот од Пржино помеѓу сите главни политички партии во земјата, вели Маја Коцијанчич, […]

„Рекет“ е широк и во него с(м)е сите


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Како што откривањето на скандалот „Рекет“ ја искомпромитира постапката за случајот „Империја, така протекувањето на исказот на бизнисменот Орце Камчев ја компромитира истрагата за предметот во кој меѓу осомничените и притворените се најде и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а за кој има укажувања и за можна поврзаност на функционери од политичкиот […]

Хрватска на дното на листата по користење интернет во ЕУ


Повеќе од една петтина од хрватските граѓани, или 21 процент, никогаш не користеле интернет, што е алармантна бројка дадена од новите секторски анализи на загребскиот Економски институт, објави Јутарњи лист. Степенот до кој Хрватска заостанува во однос на другите земји од ЕУ во користењето на Интернет е исто така индициран од Индексот за дигитална економија […]

Бр. 493


Александра М. Митевска – “Рекет” е широк и во него с(м)е сите Аксел и Франко победници, Поп Ацев лидер во “гран-при” серијата Каде е кртот? Опозицијата бара од Русковска да ги викне сите на распит За шест месеци – 70 жртви! СОНК ќе протестира, неизвесен почетокот на учебната година

Арапи сакаат да градат ресорт кај Улцињ вреден милијарда евра


Во Улцињ деновиве почнаа да пристигнуваат инвеститори за изградба на проектот Мавриан Лакшари Ресорт (Mavrian Luxury Resorts). Во рамки на тој проект, на површина од околу 63 хектари, ќе биде изградено пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили со вкупно 5.000 кревети. За проектот се заинтересирани инвеститори од Катар и од Египет. Според градоначалникот на […]

Трамп: Кина сака да преговара за трговската војна


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Кина во текот на ноќта ги контактирала американските трговски службеници, кои велат дека сакаат да се вратат на преговарачката маса, поздравувајќи ја веста како многу позитивен развој за светот. Зборувајќи на маргините на самитот Г-7, Трамп го поздрави кинескиот претседател Си Џинпинг нарекувајќи го голем водач и притоа […]

Пожарот кај Охрид локализиран, жариштето се уште активно


Пожарникарите вклучени во акцијата за гаснење на пожарот кај охридското село Опеница кои ноќта ја минаа на терен, изјавија дека огнот моментално е локализиран, но активно е неговото жариште, а температурата е висока што значи оти во секој миг може пожарот повторно да пламне. Тоа што најмногу пречи во справувањето со стихијата, е густата непристапна […]

Нина, покажи се!


Кога Нина Ангеловска ќе влезе во Министерството за финансии, ќе нема многу време за да направи чуда, без оглед кога би биле следните (предвремени) избори. Ама може да направи два-три тивки потези со добри последици, и врз буџетот, но и врз функционирањето на компаниите. Така велат познавачи на економско-финансиското милје што преживеале повеќе политички обезредувања […]

Димитров: Законот за ЈО и „Рекет“ клучни за старт на преговорите со ЕУ


Донесувањето на законот за јавно обвинителство и водењето транспарентна, непристрасна истрага за случајот „Рекет“, се двете клучни работи кои многу ќе ни помогнат да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред почетокот на Амбасадорски совет во МНР. Според Димитров, последниве две години има интензивно, […]

Во Турција за седум месеци убиени 285 жени


Во првите седум месеци од годинава во Турција се убиени 285 жени. Само во јули на територијата на земјата се убиени 31 жена, пишува весникот „Јени шафак“. Според весникот, во последните седум години, убиствата на жените во земјата се зголемени четири пати. Весникот наведува дека и покрај желбата на заедницата да се спречат насилствата и […]

Иранките на стадион ќе можат да ги следат квалификациите за Светското првенство во фудбал


На жените во Иран првпат по 40 ќе им биде дозволено да присуствуваат на квалификациите за Светското првенство во фудбал, изјави заменик министерот за спорт Џамшид Тагизадехех. – Жените на 10 октомври ќе можат да дојдат на стадионот Асади на квалификацискиот натпревар против Камбоџа. За тоа се исполнети условите и Иран на тој начин ќе […]

СОНК најавува штрајк: Неизвесен е почетокот на учебната година


Една недела пред почетокот на учебна 2019-2020 година, Синдикатот за образование (СОНК) се заканува со штрајк. Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од пет отсто. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, ѝ дава рок на Владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за […]

Шеесетина планинари на летното искачување на Титов врв


На 11. традиционално летно искачување на најависокиот шарпланикси Титов врв учествуваа 60-тина планинари. Како што информираат од планинарските клубови „Тетекс“ и „Јелак“ од Тетово кои заеднички ја организираа манифестацијата, планинарите се искачија на 2.747 метри надморска височина. -Според предвиденото, искачувањето почна во седум часот на Попова Шапка и траеше до 10:30, кога првите планинари стигнаа […]

„Џумхуриет“: Петмина турски генерали поднеле оставки


Турција – Петмина генерали на турската армија поднесоа оставки пред воениот совет претходно овој месец, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“. Врховниот воен совет на Турција, со кој претседава претседателот Реџеп Таип Ердоган, се состанал на 1 август на разговори за напредокот и разрешувањето на високо-рангирани воени припадници. Петмина генерали поднесоа оставки поради одлуки на Советот, толкувани од […]

Сугарески: Се остваруваат историски најголеми инвестиции во инфраструктурата


Министерот за транспорт Горан Сугарески изјави дека во овој момент Владата ги реализира историски најголемите инвестиции во инфраструктурата. „Се гради насекаде како никогаш досега. Во таа насока, досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го […]

Јанева го спремала Камчев за заштитен сведок против Мијалков?


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно разработила неколку сценарија со кои сакала бизнисменот Орце Камчев да го спаси од затвор како осомничен во случајот „Империја“, напиша вчера „Фокус“. Според медиумот, ова се заклучува од неодамнешната изјава на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој образложуваше зошто Јанева од сведок стана осомничена во случајот „Рекет“. – Според […]

Клучна недела за статусот и предметите на СЈО


Судбината на СЈО зависи од Законот за јавно обвинителство и ќе се решава неделава меѓу власта и опозицијата на работни средби и на собраниска седница, додека со оглед на последните барања на адвокатите од одбраната во предметите кои го води СЈО за прекин на постапките ќе се чека и разрешување на состојбата со специјалната јавна […]

Стилот на Меланија Трамп на Г-7: Од Келвин Клајн до Гучи


Франција – Меланија и Доналд Трамп викендов беа ѕвездите во Биариц на Самитот Г-7, група во која се седумте најголеми индустриски земји во светот. Американскиот претседател со однесувањето и чудните предлози, а првата дама на САД со совршените аутфити. Меланија Трамп за вечерните свечености носеше црвен фустан од брендот „Александар Меквин“, дизајниран од Сара Бартон. […]

Почна форумот MakeCoProDox 


Со претставување на трите филмски фондови, Кинематографскиот центар на Косово, Филмскиот центар на Црна Гора и Агенцијата за филм на Северна Македонија, синоќа, во рамки на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, почна првиот форум за копродукции на документарни филмови – MakeCoProDox Forum. Форумот ќе се одржува денеска и утре во Младинскиот културен центар. Организиран […]