Шеесетина планинари на летното искачување на Титов врв
-Според предвиденото, искачувањето почна во седум часот на Попова Шапка и траеше до 10:30, кога првите планинари стигнаа на одреденицата на Титов врв. По пат сите кои се чувствуваа подготвени однесоа дел од материјалите што колегите од ПД „Аргентус Моунт“ го носат за реконструкција на планинарската кула на Титов врв, изјави Борис Стојановски-Цули од ПК „Јелак“.
Карактеристика на летното искачување се погодните и речиси непроменливи временски услови кои даваат можност за поголемо планинарско задоволство при пешачењето до Титов врв, велат од клубовите.
-Идеално време со значително пониски температури од градовите и до десетина степени. Важно е што немаше дожд и ветер и постојано беше така во текот на искачувањето, престојот и враќањето кон Попова Шапка, рече Стојановски.
На врвот планинарите се задржале околу два часа. Биле поделени благодарници и налепници за учество, а враќањето почнало околу 12:30.