Иранките на стадион ќе можат да ги следат квалификациите за Светското првенство во фудбал

На жените во Иран првпат по 40 ќе им биде дозволено да присуствуваат на квалификациите за Светското првенство во фудбал, изјави заменик министерот за спорт Џамшид Тагизадехех.

– Жените на 10 октомври ќе можат да дојдат на стадионот Асади на квалификацискиот натпревар против Камбоџа. За тоа се исполнети условите и Иран на тој начин ќе му покаже на светот дека жените не се дискриминирани, посочи Тагизадехех.

Во Иран на жените им е забранет влезот на стадионите уште од 1981 година, кратко време по Исламската револуција од 1979 година. Тогаш ултраконзервативните клерици тоа го оправдаа со тврдењето дека жените не смеат да се изложени на френетичното навивање на мажите ниту на нивните „невкусни“ коментари.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино неодамна апелираше до Иран да им дозволи на жените присуство на стадионите за време на квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар. Тој на Иранскиот фудбалски сојуз му даде рок до 15 јули да ја укине забраната.

Иран е во групата со Иран, Бахреин и Хонг Конг која игра квалификации за Азискиот куп 2023 година.
Постои можност ФИФА да го санкционира Иранскиот фудбалски сојуз (ФФИРИ) ако жените и понатаму се исклучени од стадионите. Суспензијата би значела дека Иран нема да може да учествува на Светското првенство во 2022 година.

Минатата година на жените им беше дозволено да присуствуваат на натпреварите за азиското финале од Лигата на шампиони во Иран, но не можеа да го следат меѓународниот пријателски натпревар против Сирија.