На граничниот премин „Табановце“ се чека до 60 минути


Зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин „Табановце“ каде времето на чекање за излез од државата е од 45 до 60 минути, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е …

На граничниот премин „Табановце“ се чека до 60 минути Read More »

Пожар во Војница во околината на Велес


Нов пожар избувна во близина на село Војница во околината на Велес. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на Фејсбук попладнево информираше за избувнувањето на пожарот и апелира за помош во гасењето. Од општина Велес информираат дека се испратени три екипи од ТПП од општината, оти дополнително е испратена и голема екипа од ЈКП Дервен, …

Пожар во Војница во околината на Велес Read More »

Колемишевски, Наумовска и Мехмедовиќ нови заменици-министри во Владата


Кирил Колемишевски, Елизабета Наумовска и Неџад Мехмедовиќ се нови заменици-министри во Владата, откако пратениците ги изгласаа нивните кандидатури попладнево на 110-тата собраниска седница што започна вчера. Во ресорот економија за заменик-министер е избран Колемишевски со 62 пратенички гласа „за“, 13 „против“ и без воздржани. Наумовска ќе биде заменик во Министерството за образование и наука и …

Колемишевски, Наумовска и Мехмедовиќ нови заменици-министри во Владата Read More »

Адеми: Почетокот на учебната година ќе биде поинаков од претходните


Низата крупни промени што Министерството за образование и наука со силна поддршка од засегнатите општествени чинители и бројни стратешки партнери ги креираше во изминатиот период во рамки на процесот на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, а кои стапуваат на сила од оваа учебна година, даваат силна верба дека овој почеток ќе биде поинаков …

Адеми: Почетокот на учебната година ќе биде поинаков од претходните Read More »

Нина Ангеловска министер за финансии, Хисен Џемаили министер без ресор задолжен за домашни инвестиции


Собранието на Република Северна Македонија попладнево во рамки на 110-та седница со 64  гласа „за“ и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии, а со 61 гласа „за“ и 21 против го избра Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима. По изборот на Нина Ангеловска и Хисен …

Нина Ангеловска министер за финансии, Хисен Џемаили министер без ресор задолжен за домашни инвестиции Read More »

Поранешниот дом на АРМ во Тетово претворен во дувло за девијантни појави


Распаднати ѕидови, искршени врати и прозорци, двор преполн со разновиден смет од каде се шири непријатна миризба. Во ваква состојба се наоѓа поранешниот дом на АРМ во Тетово сопственост на Министерството за одбрана, кој последниве децении се издаваше под концесија. До минатата година објектот го имаше под закуп комбинатот Тетекс каде се организираа разни свечености …

Поранешниот дом на АРМ во Тетово претворен во дувло за девијантни појави Read More »

Обезбедени средства за 20.000 оброци за социјално загрозени граѓани преку првата хуманитарна „Праскијада“


Џемови, торти, салати, сокови, подготвени со праски, се само дел од производите кои успешно беа продадени на првата хуманитарна „Праскијада“, а со тоа се обезбедија средства за 20.000 оброци за социјално загрозени лица. Организаторите на првата „Праскијада“, што се одржа денеска во Градски парк, истакнаа дека настанот го посетиле околу 1.000 лица, нагласувајќе дека се …

Обезбедени средства за 20.000 оброци за социјално загрозени граѓани преку првата хуманитарна „Праскијада“ Read More »

Грчката Влада со нови мерки за справување со зголемениот бран бегалци и мигранти


Зголемен надзор на границите, спојување на децата без придружба со нивните семејства во ЕУ, пренесување на бегалци и мигранти од островите во други центри, промена во процесот за доделување азил, се дел од мерките што денеска беа донесени на вонредниот состанок на владиниот совет за надворешна политика и одбрана на Грција одржан во премиерската палата. …

Грчката Влада со нови мерки за справување со зголемениот бран бегалци и мигранти Read More »

Поскапува училишниот превоз во Делчево


Општина Делчево донесе нов ценовник за линиски превоз во кој е вклучен и транспорт на учениците. Новите цени кои беа претставени пред делчевските советници, како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, се резултат на тоа што превозниците не пројавиле интерес да вршат превоз по стари цени. -По објавениот тендер кој го имавме немаше заинтересирани …

Поскапува училишниот превоз во Делчево Read More »

Бр. 497


Александра М. Митевска – Изборите може да почнат, сеедно кога ќе се гласа САД ја бранат титулата, Србија најголем ривал Повисоки плати – џокерот на власта пред редовни избори За опозицијата “Рекет” е ајвар “”Мамас”, за власта унгарски гулаш Советот на обвинители и СЈО повторно во расчекор Германските популисти очекуваат победа на покраинските избори

За Заев буџетот во одлична кондиција, ВМРО-ДПМНЕ со контра аргументи


Лажни и апсолутно неточни се податоците со кои се обидувате да ги манипулирате граѓаните за финансиската состојба на државата, буџетот е во одлична кондииција, а солвентноста огромна, им рече премиерот Зоран Заев на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на денешното продолжение на расправата за избор на новите министри и заменици-министри. Оваа Влада, нагласи Заев, вложува …

За Заев буџетот во одлична кондиција, ВМРО-ДПМНЕ со контра аргументи Read More »

Вучиќ: Опозицијата сонува за македонско сценарио во Србија


Тие го сонуваат македонското сценарио и му се молат на Бога дека, исто како и Боки 13, ќе носат торби со по милиони евра и ќе им ги делат на обвинителите, Чарлиевите ангели, кои би ги поставиле заедно со странците. Тоа нема да се случи во слободна Србија, денешна Србија, изјави српскиот претседател и лидер …

Вучиќ: Опозицијата сонува за македонско сценарио во Србија Read More »

Целосна доминација на Србија против Ангола


Светското првенство во кошарка денеска почна во Кина, а првиот дуел на Мундобаскетот и припадна на репрезентацијата на Србија која со убедлив резултат 105-59 ја порази Ангола. Србија покажа зошто многумина очекуваат многу од оваа селекција во Кина, додека Ангола, која секако не е повеќе доминантна како порано ниту во Африка, немаше одговор за избраниците …

Целосна доминација на Србија против Ангола Read More »

Симеоне и Олсен ново засилување на Каљари


Аргентинскиот напаѓач Џoвани Симеоне и шведскиот голман Робин Олсен се новите засилување на Каљари оваа сезона. Синот на Диего Симеоне реши да ја напушти Фиорентина и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Каљари, каде што овој 24-годишен напаѓач ќе биде на едногодишна позајмица, но новиот клуб ќе мора да го откупи неговиот договор следното …

Симеоне и Олсен ново засилување на Каљари Read More »

Марота: Ќе се ослободиме од Икарди


Директорот на Интер, Бепе Марота се надева дека Мауро Икарди ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок. В понеделник истекува преодниот рок и дотогаш Интер има време да се ослободи од Аргентинецот, кој не е во плановите на Антонио Конте за оваа сезона. – Имаме уште само три дена, но се надевам дека …

Марота: Ќе се ослободиме од Икарди Read More »

Продолжи собраниската седница за избор на министри и заменици


Собранието денеска ја продолжи 110-тата седница за избор на нови членови на Владата – двајца министри и тројца заменици-министри, која беше прекината доцна синоќа по неколкучасовна расправа. Во текот на вчерашниот ден во фокусот на расправата беше предлогот нов министер за финансии да биде 31-годишната Нина Ангеловска, основачка на Групер.мк. Пратениците го критикуваа предлогот на …

Продолжи собраниската седница за избор на министри и заменици Read More »

Заев: Новите полициски службеници со висок просек ја завршја обуката


Новата генерација полициски службеници со висок просек на бодување ја заврши едногодишната основна обука во Центарот за обука на МВР, што говори дека се исклучително мотивирани да ги исполнат идните професионални ангажмани во полицијата, рече премиерот Зоран Заев на промоцијата на новите полициски службеници во Идризово. -Се радувам заедно со сите Вас затоа што со …

Заев: Новите полициски службеници со висок просек ја завршја обуката Read More »

Во Холивуд  цвета нов бизнис: Ѕвездите инвестираат во производство на канабис


САД– Музичарот Џеј-Зи (49) , сопругот на Бијонсе и првиот рапер кој заработил милијарда долари, го шири бизнис царството. По производството на шампањско, продажба на недвижнини и на инвестирање во спортскиот менаџмент, го искористи искуството од младоста како дилер и влезе во сѐ профитабилниот легален бизнис со марихуана. Според податоците на „Форбс“ однеодамна станал шеф …

Во Холивуд  цвета нов бизнис: Ѕвездите инвестираат во производство на канабис Read More »

Бруцелозата во земјава пред искоренување


Земјава за една или максимум две години очекува да добие статус „слободна од бруцелоза кај овците и козите“. Со тоа, освен здравствените, значително ќе се зголемат и економските придобивки. Сточарите конечно ќе можат да реализираат извоз на живо јагне надвор, на пазарите кои нудат повисоки цени, и да ги избегнат досегашните проблеми со домашниот откуп …

Бруцелозата во земјава пред искоренување Read More »

Религиозен марш во Хонг Конг


Околу илјада луѓе денеска учествуваа во Христијанскиот марш низ центарот на Хонг Конг. Тоа е 13-ти викенд од продемократските протести во градот под кинеска контрола. Демонстрантите се собраа на спортско игралиште и се упатија кон Методистичка црква, а потоа до седиштето на полицијата. Демонстрантите пееја религиозни песни и извикуваа пароли на продемократското движење. Властите во …

Религиозен марш во Хонг Конг Read More »